Организацискиот одбор на Игрите во Париз е уверен дека триатлон етапата на 5 август ќе се одржи во реката Сена.
„Решивме да ги откажеме тренинзите. Отпрвин тоа беше поради дождот, чекаме подобрувања за да не пречи времето. Уверени сме дека утре ќе успееме да го одржиме натпреварот“ – рече Ан Дешамп, директорка за комуникации на Организацискиот комитет Париз 2024 година. Претходно на условите во Сена реагираа дел од триатлонците.
Квалитетот на водата не е добар. Таа е кафена и мириса одвратно, можеме да се разболиме“ – изјави триатлонецот од Шведска, Мансон.

