Актуелниот олимписки шампион во скок во височина Џанмарко Тамбери беше хоспитализиран поради сомнителни камења во бубрезите. Тој во саботата почувствувал остра болка.
-Требаше да заминам за Париз и да го започнам моето патување кон грандиозен сон но, ме советуваа да го одложам патувањето со надеж дека кошмарот ќе заврши. Сè што можам да направам е да чекам и да се молам…“ напиша 32-годишниот атлетичар на социјалните мрежи.
Ќе потсетиме дека машките квалификации за скок во височина на Олимпијадата во Париз започнуваат на 7 август.

