Украинската атлетичарка, Јарослава Магучик, која го освои златото во скок во височина на Олимписките игри во Париз, откри, како се чувствувала во решавачките моменти и каков бил планот за скокање.
„Беше малку тешко на крајот но, успеав да го направам тоа. Имав мотивација, стигнав како лидер на сезоната со светски рекорд – тоа ми даде мотив. Знаев дека првиот скок е најзначаен“ – вели Магучик.
„За жал, не можев да скокнам повисоко иако очекував дека ќе го направам тоа. Среќна сум што имам златен медал“ – изјави атлетичарката од Украина.

