Ракометарките на Данска го освоија бронзениот медал на Олимпијадата во Париз откако го добија скандинавското дерби.
Тие денеска успеаја да ја надиграат селекцијата на Шведска во „малото финале“ со 30 спрема 25. Данските ракометарки одлично го отворија мечот и имаа контрола на резултатот. На паузата заминаа со предност од два гола.
Во вториот дел Швеѓанките направија напор да се наметнат но, противникот знаеше како да се одбрани и воедно да ги искористи нивните грешки. На крајот Данска забележа победа со плус 5 и заслужено го пополни третото место на пиедесталот.

