На 18-ти август, Виборг ќе биде домаќин на Европското првенство во планински велосипедизам- Маратон. Дуња Иванова како претставник на Велосипедската федерација на Македонија, ќе стартува во елитната сениорска конкуренција со најсилните претставници на сите европски земји. „Задоволство е да се почувствува свежина и подготвеност во Велосипедската федерација на Македонија за поддршка кон иницијативите на клубовите и нивните возачи. Со голема посветеност и низа сериозни настапи и резултати во Германија, Италија, Шпанија, Грција, Србија кои се зад нас како дел од оваа натпреварувачка сезона, сега нашиот фокус е кон натпреварот во Виборг. Посакуваме да имаме добар ден, малку среќа и успех…
Author: dino
Првиот натпревар од втората сезона на францускиот кошаркар, Виктор Венбањама, во дресот на Сан Антонио ќе биде на 24 октомври на теренот на Далас. Тогаш ќе го видиме и дебитантскиот настап на кошаркарот, Крис Пол за екипата на „Спарси“. Од другата страна ќе ги имаме Лука Дончиќ, Карјри Ирвинг и Клеј Томпсон. Тоа ќе биде првата голема пресметка на фаворитите за титулата на стартот на новата сезона во НБА лигата.
Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Марсел Шефер, проговори за летното засилување Антонио Носа, кој беше купен од белгискиот состав, Бриж. Младиот норвешкиот фудбалер потпиша договор за пет сезони. „Антонио одлично се вклопува во ДНК на РБ Лајпциг. Тој е млад и многу амбициозен иако има речиси 100 професионални натпревари во Клуб Бриж и во норвешката репрезентација“ – вели Шефер. Се претпоставува дека германскиот состав за потписот на 19-годишниот Антонио ќе плати околу 20 милиони евра и дополнителни бонуси.
Фудбалерот, Кајл Вокер, кој беше дел од селекцијата на Англија на последното Европското првенство во Германија, проговори за критиките што ги добиваше „Гордиот Албин“ и селекторот, Герет Саутгејт, кој веднаш потоа го напушти кормилото. „Ќе излажам ако кажам дека не сме зборувале за тоа. Сите ние сме луѓе и сакавме се да биде убаво“ – изјавил Вокер. Англичаните во континуитет беа критикувани за начинот на игра и поставеноста на теренот иако успеаја да стигнат до големото финале во кое загубија од Шпанија.
Koшаркарот, Рејкван Греј, кој беше одбран од страна на Портланд на НБА драфтот во 2021 година, неочекувано може да дојде во Европа. Имено, 25-годишниот поентер кој во претходната сезона одигра три меча за екипата на Сан Антонио со просек од 8 кошеви и три скокови, добил понуда од грчкиот АЕК. Засега нема потврда дека Греј ќе се определи да замине од НБА конкуренцијата.
Италијанскиот фудбалски состав Наполи се обидува да издејствува трансфер на играчот на Бенфика, Давид Нерес, тврдат медиумите на „Чизмата. Калчо-лигашот нуди 25 милиони евра иако португалците инсистираат на 30-ет. Наполи му нуди на Нерес договор на пет години со плата од три милиони евра. Новиот тренер на Наполи, Антонио Конте, сака да има повеќе опции во нападот и затоа инсистира на трансфер и на Ромелу Лукаку.
Челниците на шпанскиот состав Атлетико Мадрид сакаат да го вратат Н’Голо Канте во европскиот фудбал. 33-годишниот Французин кој настапува за Ал-Итихад, не крие дека има желба да се врати на стариот континент и да игра во Лигата на шампионите. Неговата желба ја открил всушност неговиот брат во едно интервју. Канте има договор до 2026 година а единствен проблем за неговиот трансфер може да биде неговата висока плата која шпанскиот состав не може да ја покрие.
Луѓето од фудбалскиот состав, Манчестер Сити, постигнаа договор за трансфер со 27-годишниот крилен напаѓач на Ливерпул, Луис Дијаз. Според одредени извори, „граѓаните“ сакаат да платат за потписот на Колумбиецот 70 милиони евра а нему да му дадат договор за пет сезони. Дијаз во претходната сезона се појави на 51 меч за „црвените“ на кои даде 13 голови и имаше пет асистенции за погодок.
Фудбалерот на Челзи, Кол Палмер, на некој начин се пофали преку социјалните мрежи дека ќе го продолжи договорот со „сините“ до летото во 2033 година. Англискиот репрезентативец пристигна кај лондончани во претходното лето од Манчестер Сити за 40 милиони фунти плус бонуси во износ од уште 2,5 милиони. Палмер во дебитантската сезона за екипата од стадионот – „Стемфорд Бриџ“ успеа да одигра 45 мечеви на кои даде 25 голови и направи15 асистенции
Големата ѕвезда на Рома, Паоло Дибала, нема намера да си замине од редовите на италијанскиот елитен фудбалски состав. Според одредени информации, Аргентинецот одбил фантастична финансиска понуда од Саудиска Арабија. Наводно, Ал Кадисија му понудил четиригодишен договор вреден 100 милиони евра но, тој решил да остане во Рим.
