Шефот на Ферари, Фредерик Васер, потврди дека пропаднале преговорите со Адријан Њуи. Најуспешниот дизајнер во историјата на светскиот шампионат во Формула 1 веројатно ќе работи со Астон Мартин. „Адријан Њуи? Да, преговаравме со него но, неговите барања се покажаа сосема спротивни на нашите понуди“ – објасни Васер. Наводно, Њуи ги договорил условите со Астон Мартин и неговиот договор за 3 години ќе биде вреден 100 милиони.
Author: dino
Фудбалерот, Матијас Де Лихт, кој во текот на летово се пресели во Манчестер Јунајтед, вели дека го направил вистинскиот потег за успешно продолжување на кариерата. Централниот дефанзивец си замина од Баерн Минхен бидејќи не беше задоволен од минутажата. „Среќен сум со мојата преселба во Манчестер Јунајтед. Англиската Премиер лига има повеќе гледачи од Бундес-лигата“ – вели 25-годишниот дефанзивец. Холанѓанецот потпиша договор со „црвените ѓаволи“ до летото во 2029 година.
Фудбалерот на Арсенал, Томас Парти, влегува во радарот на неколку екипи. Во преден план е Барселона но, како конкуренција на Каталонците се појавуваат италијанскиот Јувентус и екипите од Саудиска Арабија, Ал –Хилал и Ал Ахли. Црномурестиот играч има договор со „топчиите“ до летото во 2026 година. Тој во сезонава се појави на три натпревари на сите турнири на кои постигна еден гол. 31-годишниот фудбалер има трансферна цена од околу 18 милиони евра.
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година ја забележа третата победа во квалификациите за Европското првенство . Нашиот национален состав славеше на гостувањето кај аутсајдерот Гибралтар со 2-0 со головите на Крстевски и Адеми. Квалификациите ќе ги завршиме во наредниот месец кога на 11 ќе ја дочекаме Грузија а веднаш потоа на 15 октомври ќе се појавиме на теренот на Грузијците.
Новиот тренер на фудбалерите на Вардар, Срѓан Захариевски, верува дека ќе ја прекине лошата серија и дека ќе го врати тимот на победничките патеки. Прв предизвик на клупата на „црвено-црните“ ќе му биде тимот на Гостивар и тоа веднаш по паузата за репрезентативните активности. „Голема чест е да се биде дел од Вардар и воопшто се двоумев кога дојде поканата. Верувам дека амбициозниот проект ќе ги донесе посакуваните резултати откако клубот ќе се стабилизира на сите полиња. Ќе се обидеме да извлечеме максимум од сегашниот ростер и евентуално да обезбедиме нови имиња. Вардар е бренд и условите за работа се…
Голманот на Милан, Мајк Маињан, вели дека не е задоволен од неговата форма и дека го спуштил нивото на игра во последниве месеци. „Минатата сезона бев соочен со одредени непријатни предизвици. Затоа се обидов да ја научам лекцијата и да бидам далеку подобар во новата сезона.“ – вели францускиот интернационалец. „ Во денешно време сите голмани мора да имаат силен менталитет бидејќи во спротивно ќе пропаднат“ – вели црномурестиот чувар на мрежата.
Фудбалерот на Милан, Алваро Мората, кој заработи повреда на дуелот со Торино, се надева дека брзо ќе се врати на терените. Тој според проценките може да биде на линија за мечот со градскиот ривал Интер, кој ќе биде одигран на 22 септември. Шпанскиот интернационалец ја користи паузата поради репрезентативните активности за да се рехабилитира по повредата на мускулот. Тој вчера сам работеше во базата на „росонерите“.
Екипите на Манчестер Јунајтед и на Њукасл остануваат во комбинација за ангажирање на фудбалерот, Адријан Рабио, кој по заминувањето од италијанскиот Јувентус, нема обезбедно нов состав. Според одредени наводи, единствен проблем за двата тима е превисоката плата што ја бара играчот од средниот ред кој има отворена понуда и од Галатасарај. Англиските медиуми наведуваат дека Рабио може да биде добра инвестиција за „црвените ѓаволи“ кои останаа без неколку играчи од средниот ред.
Англиските фудбалски состави Тотенхем, Њукасл и Астон Вила, се заинтересирани за турскиот интернационалец, Јусуф Јазичи, кој откако го одработи договорот со Лил, стана слободен играч на трансфер -пазарот. 27-годишниот фудбалер во претходната сезона одигра 42 меча со ефект од 12 гола и 4 асистенции. Тој беше дел од селекцијата на Турција која стигна до четвртфиналето на последното европско првенство во Германија.
Олимпискиот шампион, Лесиле Тебого, победи во спринтот на 200 метри на патеката во Цирих. Претпоследна етапа од Дијамантската Лига во тековнава сезона се реализираше во неповолни услови на ниски температури и силен ветер. Црномурестиот атлетичар успеа да ја добие битката со големите ривали, Кени Беднарек и Ерион Најтон.
