Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е сензационален побеник на трката во Формула 1 возена за ГН на Италија на патеката во Монца.
Тактиката на неговиот тим да има само една промена на гумите практично му ја донесе победата на возачот од Монако. Второто и третото место на подиумот го пополнија Оскар Пјастри и Ландо Норис од екипата на Мекларен.
По денешната трка бодовното салдо го зголемија и Сајнц, Хамилтон, Верстапен, Расел, Перес, Албон и Магнусен. Наредната трка ќе биде возена на 15 септември на патеката во Азебејџан.

