Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Тиаго Мота, по вчерашното реми кај Емполи без голови во меч од Серија „А“, вели дека не е задоволен од играта во нападот. „Не е лесно со тим кој се брани како Емполи. Дефинитивно треба да ја подобриме нашата игра во средниот ред и во нападот. Влаховиќ не може да игра сам“ – вели Мота. „Старата дама“ по една сезона се враќа во Лигата на шампионите. На стартот на новото издание во вторник, ќе му гостува на ПСВ Ајндховен.
Author: dino
Легендата на фудбалскиот состав Челзи и на Англија, Ешли Кол, целосно ќе се посвети на новата улога како помошник тренер на селекторот на „Гордиот Албион“, Ли Карлси, откако денеска официјално се повлече од клупата на Бирмингем Сити. Кол и Карсли работеа заедно на чело на младата селекција на Англија до 21 година која го освои Европското во 2023. Сега двајцата добија шанса да работат во сениорската селекција на „трите лава“ по заминувањето на Герет Саутгејт и неговиот стручен тим.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Давид Алаба, кој имаше две операции на коленото и не игра од изминатиот декември, тешко ја надминува повредата, наведува весникот – „Марка“. . Закрепнувањето на репрезентативецот на Австрија е многу побавно и потешко од вообичаено. Во просек, фудбалерите започнуваат да вежбаат околу 100-120 дена по повредата a понекогаш 90-eт но, во случајот на Алаба тоа се случи по 255 дена. Се очекува играчот да се врати во ноември иако тренерот, Анчелоти, најави дека нема да го форсира.
Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, се осврна на лошата форма на Касемиро на стартот на сезоната. „Дефинитивно ми треба. Секако, разговарав со него за моменталната ситуација, секој може да има лош ден“ – вели Холанѓанецот. „Тој е искусен играч и верувам дека знае како да се носи со тоа. Секој има подеми и падови“ – изјави Тен Хаг за клупскиот сајт на „црвените ѓаволи“.
Спортскиот директор на фудбалскиот состав Барселона, Деко, вели дека напаѓачот, Роберт Левандовски, максимално ги исполнува очекувањата на раководството. „Среќен сум што го имаме Левандовски. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот и еден од тие што играле за Барса“ – вели Деко. „Левандовски постигнува голови, среќен е во тимот и среќен во Барселона“, изјави директорот на каталонскиот клуб за медиумите во Шпанија.
Финансискиoт експерт, Киран Мегваер, ги процени можните санкции против фудбалскиот состав Манчестер Сити за прекршување на фер-плејот. Премиер-лигата в понеделник ќе започне процес против „граѓаните“ кои се обвинети дека имаат 115 различни прекршувања на финансиските правила гледано од 2009 до 2018 година. Се треба да заврши најрано до март во 2025 година. „Тие треба да се подготват за жестока казна доколку бидат прогласени за виновни за сите 115 прекршоци.Тоа може да донесе и исклучување од лигата“ – вели Мегваер.
Првиот човек на фудбалскиот состав, Наполи, Аурелио де Лаурентис, вели дека е горд што никогаш немал финансиски проблеми. „Мислам дека парите сами по себе не се „спас“ особено за фудбалските клубови. Горд сум што никогаш не сум имал ниту едно евро долг“- потенцираше газдата на италијанскиот состав. „Со клубот сакаме да доживееме ренесанса. Ние ќе изградиме нов спортски центар . За четири години ќе славиме 100-годишнина“ – нагласи претседателот на Наполи.
Менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Расел Мартин, иако се соочи со три пораза на стартот на сезоната, вели дека не чувствува притисок. „Не ми се допаѓа ситуацијата но, тоа не е проблем. Така беше и минатата сезона. Имавме период во почетокот кој беше навистина тежок” – вели Мартин. „По три порази ќе има промени. Треба да почекате и да видите што ќе се случи“ – потенцираше Мартин пред викенд-мечот со Манчестер Јунајтед.
Премиер-лигата в понеделник ќе го започне процесот против Манчестер Сити за наводни 115 прекршувања на правилата на ФА.Целата постапка ќе трае околу три месеци а доколку се докаже прекршување на финансиските правила, Сити би можел дури да биде исфрлен од елитните редови на англискиот фудбал. Потенцијалните прекршувања вклучуваат недавање точни финансиски информации во текот на девет сезони. Клубот е обвинет и дека не соработувал во истрагата.
Хрватскиот кошаркар, Лука Шаманиќ, може да ја прекине соработката со Фенербахче, објавија денеска различни европски медиуми. Имено, турскиот тим информираше дека е блиску до договор со канадскиот центар, Кем Бирч инаку поранешен НБА играч кој во изминатата година настапуваше за шпанската- Жирона. Доколку тој трансфер се реализира, Шаманиќ сигурно ќе се врати во татковината.
