Author: dino

Полицијата во Велика Британија објави дека во сезоната 2022/23 имало 2.584 приведени фудбалски навивачи или за значителни 14 проценти повеќе од претходната сезона. Според објавенот, Вест Хем има најмногу приведени фанови – 103. Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед имаат по 88 а Арсенал 85. Во вкупната броја влегуваат и 67 навивачи на Челзи кои од различни причини биле приведени од полицијата на Островот.

Read More

Баерн Минехн в сабота ќе го пречека актуелниот шампион на Германија, Баер Леверкузен, во меч од 5-то коло на Бундес-лигата. Гостинскиот фудбалер, Гранит Џака, верува дека неговиот тим може да запре нападите на баварците кои на  последните три средби постигнаа дури 20 голови. „ Чувствувам дека можеме одлично да се справиме со притисокот и имаме искуство да го направиме тоа. Се разбира дека ги анализиравме нивните фудбалери. Тие се одличен состав и речиси и да немаат слаби страни“ – вели Џака.

Read More

Екипата на Манчестер Сити може да се надева на поволен епилог во судењето за прекршување на финансискиот фер-плеј наметнат од Премиер-лигата. Индикации за победа на „граѓаните“ во судскиот процес доаѓаат по денешниот состанок во Лондон на кој беа претставниците на сите 20 клубови од Премиер лигата. Тие првично требаше да се гласа за можните промени на правилото поврзно со финансиите но, во последен момент точката беше тргната од дневниот ред без објаснување за медиумите.

Read More

Третиот телекомуникациски оператор на територијата на Македонија, МТЕЛ, од денеска е генерален спонзор на Првата машка кошаркарска лига. „Верувам дека поддршката од МТЕЛ ќе им даде дополнителен ветер во грб на клубовите да дадат сè од себе и во што подобри услови да придонесат за повозбудливи натпревари. Благодарност огромна до нашите пријатели во МТЕЛ кои ја препознаа мотивацијата на раководството на КФСМ и заедно со желба за нови победи и континуиран развој одлучија да застанат покрај нас“ – истакна Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ. „Среќни сме и почестени што станавме генерален спонзор на најдоброто натпреварување во македонската кошарка кое отсега…

Read More

Искусното крило во редовите на ракометниот состав Вардар, Гоце Георгиевски, верува дека „црвено-црните“ ќе го искористат домашниот терен и ќе победат на саботниот меч со големиот ривал, Еурофарм Пелистер.  „Сите знаеме дека не чека најголемото дерби во Македонија. Можам да кажам дека се подготвуваме како и за секој друг противник“ – вели Герогиевски. „Игравме со нив на Струшкиот турнир но, сега ќе биде сосема друга приказна. Верувам во позитивен резултат и ги повикувам нашите верни навивачи да дојдат во салата“ – изјави Георгиевски на средбата со новинарите.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер за краток период ќе одиграат два значајни меча. Првиот е утре на теренот на Динамо Букурешт во новото коло во Лигата на шампионите а вториот во текот на викендот против Вардар во домашното првенство. Тренерот на битолскиот состав, Бранислав Ангеловски, вели дека на теренот на Романците нема да се прават калкулации и да се штедат сили за македонското дерби. Според него, домаќините имаат одлична организација и финансиска конструкција.„Повторно играме во Лигата на шампионите и тоа кај клуб кој има буџет од 8-9 милиони евра. Имаат играчи кои биле во Барселона и не е случајност што забележаа…

Read More

Тренерот на ракометарите на Вардар, Владо Недановски, пред дербито со Пелистер во домашниот шампионат, вели дека очекува голема поддршка од трибините во СЦ Јане Сандански. „Секогаш имаме интересни мечеви со Пелистер, се надевам дека ќе има голем број на навивачи. Неколку денови се подготвуваме и анализираме. Имаме неколку повредени играчи и не сме сигурни дали ќе може да се појават на теренот“ – вели Недановски. „ Задоволен сум од сите што дојдоа во текот на летото, направивме квалитетен тим со добри ракометари на сите позиции. Во новата сезона се освен титула ќе биде неуспех за Вардар“ – потенцираше Недановски.

Read More

Игор Стефановски – Иџе кој го освои првото место во Групата 1 на Европскиот шампионат во автомобилизам на ридски патеки, во интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека успехот има дополнителна тежина бидејќи е остварен со сосема ново возило – „Ферари“. „Прв пат излегов на патеките со новиот автомобил и практично без посебни подготовки. Реално гледано, конкуренцијата во така наречената класа без лимит беше крајно тешка. Таму има возила што се вистински  -„ѕверови“  во поглед на моќноста, аеродинамиката и сите пропратни карактеристи а воланите ги држат крајно искусни натпреварувачи“ – вели Стефановски. „Јас сум презадоволен како ја завршивме сезоната.…

Read More

Интернационалниот мајстор, Тони Лазов, кој освои сребрен медал на втората табла на Шаховската олимпијада во Будимпешта, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ. „Чувството е прекрасно, нема да го заборавам моментот кога со македонското знаме се искачив на пиедесталот. Успехот има посебна тежина бидејќи само јас од сите освојувачи на медали имам титула на интернационален мајстор. Мислам дека и среќата беше на моја страна иако тактички одиграв одлично“ – вели Лазов. „Сега ќе се насочам кон освојување на норма за велемајстор. За тоа ќе треба да настапам на повеќе турнири бидејќи ќе мора да работам и на…

Read More

Медиумите во Германија наведуваат дека Баерн (Минхен) во наредното лето ќе се обиде да го ангажира напаѓачот на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, кој има трансферна сума од 150 милиони евра. Баварците сакаат да го засилат нападот но, дефинитивно ќе мора да ја победат конкуренцијата за да дојдат до потписот на Вирц. За младиот голгетер се заинтересирани и Реал Мадрид, Манчестер Сити и Арсенал. Фудбалерот на „фармацевтите“ неодамна, изјави, дека сака да игра во клуб кој има шанса да ја освои Лигата на шампионите.  

Read More