Koшаркарот на Олимпијакос, Александар Везенков, по победата против Панатинаикос и освоениот Супер-куп на Грција, вели дека сезоната допрва започнува и дека ништо нема да се знае до самиот крај.
„Тимовите сè уште не играат 100% . Во моментов имаме два врвни тима и зошто финалето на првенството да не биде помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос? – вели Везенков.
„Бев фокусиран на теренот, среќни сме и сега одиме напред“ – потенцира играчот на Олимпијакос.

