Author: dino

Џамал ​​Мусиала кој има договор со Баерн Минхен до летото во 2026 година, веројатно ќе ја продолжи соработката и по тој термин, објави – „Скај Германија“. 21-годишниот фудбалер од средниот ред воедно ќе добие и солидно зголемување на платата или 25 милиони евра по сезона. Мусијала помина низ академијата на германскиот за кој има 171 натпревар, 46 голови и 34 асистенции. За селекцијата на „панцирите“ има постигнато 6 голови.

Read More

Голманот на Ајнтрахт Франкфурт, Кевин Трап, ја санирал повредата и ќе му биде на располагање на тренерот, Дино Топмолер, за утрешниот меч против Баерн Минхен во рамките на Бундес-лигата на Германија. Фудбалерот денеска ќе ги има последните лекарски прегледи по што ќе се знае дали ќе биде пријавен за мечот со Баварците. Ајнтрахт Франкфурт победи на последните четири натпревари во Бундеслигата и заостанува само еден бод зад Баерн.

Read More

Италијанскиот возач на Дукати, Франческо Бањаја е победник на денешната спринтерска трка во Мото ГП шампионатот на патеката Мотеги. Истата доаѓа в пресрет на Јапонското ГП . Второто место го освои неговиот тимски колега, Енеа Бастианини. Возачот на екипата на Гресини рејсинг, Шпанецот Марк Маркез беше трет. Возачот на Прамак, Шпанецот Хорхе Мартин е на првото место во генералниот пласман пред Бањаја и Бастианини.

Read More

Барселона ќе го задржи фудбалерот, Роберт Левандовски, до летото во 2026 година, објавија денеска медиумите во Шпанија. Тоа значи дека полскиот голгетер ќе го одработи до крај тековниот договор со Каталонците. 36-годишниот ветеран во тековнава сезона одигра 10 натпревари на кои забележа 9 голови и направи две асистенции. Според одредени проценки неговата пазарна вредност е 15 милиони евра.

Read More

Луѓето од Јувентус имаат намера да го раскинат договорот Пол Погба кој одлежува суспензија поради користење на допинг, велат последните најави од фудбалска Италија. Причина за таа одлука е големата плата на фудбалерот кој има тековна соработка до летото 2026 година. Судот за спортска арбитража (CAS) вчера ја намали суспензијата на Французинот од четири години на 18 месеци. 31-годишниот беше позитивен на тестостерон.

Read More

Адем Мекиќ по две сезони се враќа во мак-кошарката. Тој денеска потпиша договор со екипата на ТФТ која најави дека има големи амбиции во новата сезона во домашни рамки. Искусниот кошаркар претходно играше во Вардар, МЗТ Аеродром, Куманово, АБ Охрид и Пелистер. Претходните речиси две сезони ги помина во романскиот состав Темишвар и во хрватскиот Задар. Мекиќ потпиша со ТФТ така наречен отворен договор што значи дека ќе може да ја прекине соработката доколку добие понуда да замине надвор од границите на нашава земја.

Read More

Кристијан Андреевски, кој неодамна беше избран за нов претседател на Националната боксерска федерација, во денешното гостување на Спортско Радио 90,3 ФМ, ги потенцираше плановите за наредниот период. „Со големо задоволство ја прифатив понудата да бидам прв човек на македонскиот бокс. Се надевам дека со целата екипа околу мене ќе успееме да ги донесеме посакуваните резултати и да го подигнеме боксот на повисоко ниво. Имам долгорочен план кој верувам дека успешно ќе го реализираме како федерација“ – вели Андреевски. „До крајот на годинава не чекаат неколку значајни настани, европско, светско, балканско првенство, тука се и отворените турнири. Се надевам дека со добри…

Read More
NBA

Тренерот на Далас Маверикс, Џејсон Кид, ги процени перспективите на тимот од Тексас во претстојната сезона во НБА. Според него, доаѓањето на Клеј Томпсон, треба да му овозможи полесна игра на Лука Дончиќ. „Тој сега ќе има многу можности во напад. Нема да треба да ја преземе целата одговорност“ – вели Кид. „Тоа ќе биде ново искуство за него, бидејќи секогаш чувствувал дека сè мора да направи сам. Тој е подготвен да го прифати предизвикот“ – рече тренерот на Далас.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав, Реал Мадрид, изрази незадоволство од перформансите на тимот од стартот на сезоната, пренесуваат денеска дел од медиумите на Пирините во шпанскиот дел.   Според изворот, управата на „кралевите“ проценила, дека тимот го нема посакуваниот лик и изгледа неорганизирано на теренот. Анализата вели дека со доаѓањето на Килијан Мбапе и Ендрик и воедно со заминувањето на играчот од средниот ред Тони Крос, нивото на игра драстично падна. „Белите“ пред два дена загубија од Лил во Лигата на шампионите.

Read More

Фудбалерите на Челзи ја продолжија победничката серија откако доцна синоќа славеа против Гент со 4:2 во рамките на Конференциската лига.На стадионот  – „Стемфрод Бриџ“ домаќините одиграа одличен меч а нивниот менаџер, Енцо Марсека, не крие дека е задоволен од перформансите на целиот тим. „Имавме тежок меч. Жал ми е што примивме и втор гол. Мислам дека треба да бидеме подобри во одбраната“ – вели Мареска. „Сините“ кои ја нанижаа и петтата победа во серија, сега ги очекува меч со Нотингем Форест во Премиер-лигата.

Read More