Директорот на тимот на Тојота во Светскиот рели шампионат (WRC), Јар-Мати Латвала, беше задоволен од настапот на Сами Пајари на релито Чиле и призна дека на Финецот може да му се даде поголема улога во 2025 година.
Пајари во второ појавување во болидот на „Toyota Rally1“ во Јужна Америка покажа одлични перформанси.
„Имаше апсолутно совршен резултат, го направи тоа што го сакавме. Не може да бараме повеќе“ – изјави Латвала.

