Author: dino

На 21 март во Копенхаген, ќе се состават квалификациските групи за ЕП во 2026 потврди денеска Европската ракометна федерација. 32 репрезентации кои ќе бидат поделени во осум групи. Првите две земји од секоја група ќе обезбедат пласман на турнирот заедно со најдобрите четири кои ќе го освојат третото место. ШЕШИР 1: Шпанија, Германија, Унгарија, Хрватска, Исланд, Словенија, Португалија, ХоландијаШЕШИР 2: Македонија, Полска, Црна Гора, Чешка, Србија, Австрија, Грција, Фарски ОстровиШЕШИР 3: Литванија, Италија, Словачка, Романија, Украина, Белгија, Швајцарија, БИХШЕШИР 4: Финска, Турција, Летонија, Косово, , Израел, Грузија, Луксембург, Естонија

Read More

Денеска во просториите на Фудбалската федерација беа формирани двојките за последниот елиминациски филтер пред големото финале во Купот. Екипата на Воска ќе игра со „специјалистот“ во најмасовното клупско натпреварување, Македонија Ѓорче Петров додека во второто полу-финале ќе се сретнат Шкупи и Тиквеш. Првите мечеви ќе бидат реализирани на 3 април а реваншите ќе бидат одиграни на 17-ти во истиот месец.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд е прогласен за најдобар играч во февруари во Премиер лигата. Тој во изминатиот месец на 4 натпревари постигна 5 гола и направи 1 асистенција. 21-годишниот напаѓач е првиот Данец кој ја освоил таа награда.  Хојлунд ги победи Фил Фоден (Манчестер Сити), Жоао Гомез (Вурверхемптон), Паскал Грос (Брајтон), Родриго Муниз (Фулам), Букајо Сака (Арсенал) и Оли Воткинс (Астон Вила) .

Read More

Еурофарм Пелистер остана без двајца значајни ракометари. Ненад Костески веројатно ја заврши сезоната додека Павле Атанасијевиќ ќе биде надвор од терените најмалку три недели. Битолчани преку официјално соопштение потврдија дека тие заработиле повреди на последниот меч од Лигата на шампионите кај норвешкиот Колштад и дека ќе мора да одат на рехабилитација. Костески има скинат вкрстен лигамент на коленото додека Атанасијевиќ заработи фрактура на носната коска.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, вели дека неговите избраници треба да останат фокусирани на трката за Скудетото иако разликата со вториот тим на табелата, Јувентус, е големи 15 бодови. „Се е во наши раце. Има уште многу до крајот на сезоната и не смееме да се опуштиме. Имаме големо искуство и од нас зависи дали ќе го подигнеме пехарот“ – изјави тренерот на „нероаѕурите“.   Интер утре го чека тешко гостување кај тимот на Болоња кој се бори за место што носи во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Read More

Италијанските медиуми проценуваат дека Маурисио Сари на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото на Лацио. Наводно, челниците на тимот од Рим планираат да ангажираат нов стратег бидејќи не се задоволни од резултатите од тековната сезона.  Во исто време, искусниот стратег не крие дека не е задоволен од трансферната политика во клубот. Тој вината за лошите резултати ја префрли на управата на „римските орли“.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, не крие дека е презадоволен од условите во лондонскиот состав. Тој им се приклучи на „топчиите“ во изминатото лето откако на Вест Хем му беа платени големи 116 милиони евра. 25-годишниот фудбалер во тековнава сезона се појави на 36 натпревари на кои даде 4 голови и направи 6 успешни додавања.  

Read More

Првите луѓе на фудбалскиот состав Челзи, веројатно ќе се разделат со тренерот Маурисио Покетино на крајот на сезоната, велат последните шпекулации од Англија. „Сините“ по 26 кола во Премиер-лигата се наоѓаат дури на 11 место на табелата и најверојатно нема да се изборат за учество во меѓународната конкуренција за наредната сезона. Според весникот – „The Guardian“,  главен конкурент да го наследи Аргентинецот е тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим.

Read More

Возачот на Мерцедес во Формула 1, Џорџ Расел, се осврна на можниот трансфер на возачот на Ред Бул, Макс Верстапен во германскиот состав. „Мислам дека секој тим сака да ја има најдобрата возачка комбинација. Кој и да е до мене следната година или подоцна, ќе бидам подготвен за предизвици“ – вели Расел.   Неодамна во странските медиуми се појавија гласини дека Верстапен би можел да го заземе местото на Хамилтон во германскиот тим.

Read More

Фудбалерот, Буна Сар, кој пред три месеци заработи потешка повреда на коленото полека се вклучува во тенинг процес во Баерн Минхен, наведоа денеска медиумите во Германија. Бекот кој мораше да оди на операција успешно се рехабилитира и набрзо треба да се врати на терените. Дефанзивецот, Саша Бои, кој го пропушти мечот со Лацио во Лигата на шампионите исто така се врати на тренинзите заедно со Кингсли Коман кој паузираше некаде од јануари.

Read More