Во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа формирани групите за машкиот дел во Купот. Победниците од секоја група ќе влезат во завршниот фајнел фор турнир. Вардар кој го брани пехарот од претходното издание ќе биде во конкуренција со Пролет, Голден Арт и Радовиш. Мечевите во групната фаза се закажани за 23. и 24. март. Еве го комплетниот преглед на групите. Група 1: Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Мулти Есенс, ТиквешГрупа 2: Бутел, Алкалоид, Вардар Неготино, СтругаГрупа 3: Пролет, Радовиш, Вардар, Голден АртГрупа 4: Еурофарм Пелистер, Скопје, Охрид, Куманово
Author: dino
На интернет се појави рангирање на најдобрите дебитанти во Националната кошаркарска асоцијација (НБА) за сезоната 2023/2024. Еве ги Топ 5 дебитантите во моментов: 1. Виктор Вембањама (Сан Антонио Спарс).2. Чет Холмгрен (Оклахома Сити Тандер).3. Брендон Милер (Шарлот Хорнетс).4. Џејми Џакез Џуниор (Мајами Хит).5. Брандин Поџиемски (Голден Стејт Вориорс). Вембањама ги има сите шанси да ја заврши сезоната со 20+ поени и 10+ скокови. Таквите резултати се гледаат како извонредни за секој НБА играч, особено за дебитант. Во 71 година од постоењето на наградата Дебитант на годината, само 16 кошаркари ја освоиле со просек од најмалку 20 поени и 10 скокови.
Трикратниот Ф1 шампион, Макс Верстапен, потврди дека е среќен во Ред Бул и дека нема причина да го напушти тимот. Неговата изјава доаѓа откако се појавија шпекулации дека би можел да биде наследник на Луис Хамилтон во болидот во Мерцедес. „Среќен сум во Ред Бул, се додека имаме добри резултати, немам причина да заминам. Секогаш ќе ги почитувам договорите до крај “ изјави Холанѓанецот. Неговиот тим ја отвори новата сезона во Ф1 со така наречена 1-2 победа на патеката во Бахреин.
Кошаркарската Евро-лига ги издвои фановите кои беа најгласни на натпреварите во претходното коло. Очекувано, првото место го зазедоа навивачите на Партизан кои произведоа 96,93 децибели бучава на мечот со Ефес. Второто место им припадна на навивачите на Жалгирис кои исто така беа многу гласни на натпреварот против Олимпијакос во Каунас а нивната бучава беше 94,79. Во Топ 3 се и навивачите на Барселона со 94,69 на натпреварот против Монако.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, тројца фудбалери сигурно заминуваат на лето и тоа Мемфис Депај, Анхел Кореа и Саул Нигез. Од друга страна, откриен е списокот на играчи за кои е заинтересиран Атлетико Мадрид. Toa се Робин Ле Норманд од Сосиедад, Лени Жор од Лил, Муриљо од Нотингем Форест, Факундо Медина од Ленс. Во средниот ред Атлетико ќе се обиде да го добие Микел Мерино од Сосиедад, чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, постигна гол на вчерашниот меч со Копенхаген и успеа да го престигне поранешниот напаѓач на „граѓаните“, Серхио Агуеро, кога станува збор за голови во Лигата на шампионите. 23-годишниот Норвежанец во сезонава одигра 32 натпревари, постигна 29 голови и имаше шест асистенции. Халанд во јули 2022 година ја напушти Борусија Дортмунд и за 60 милиони евра се пресели во Англија. Договорот на играчот со клубот е до летото во 2025 година.
Фудбалерите на Манчестер Сити од 21.00 часот ќе му бидат домаќини на Копенхаген во реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Бидејќи избраниците на Гвардиола во првиот меч во Данска минаа триумфално со 3-1, нема човек на планетава што верува дека може да се случи сензација на „Етихад“. Друга страна данскиот состав веројатно нема да допатува со бело знаме на Островот иако е однапред прежален. За Манчестер Сити во првата постава треба да бидат: Едерсон, Аканџи, Стонс, Диас, Аке, Родри, Силва, Де Бруин, Фоден, Алварес и Халанд. За Копенхаген од првата минута треба да стартуваат: Грабара, Хелерт, Вавро, Мекена, Мелинг, Холјунд,…
Денеска ќе се одигра реванш натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и РБ Лајпциг. Во првата средба Шпанците победија минимално во Германија со 1:0. „Белите“ не паметат кога загубиле на домашен терен во елитата на Европа. Згора на тоа играат во фантастична форма и според сите параматери треба да поминат во наредната фаза на елиминации. За Реал треба да започнат: Лунин, Карвахал, Чуамени, Рудигер, Менди, Валверде, Крос, Камвинг, Белингем, Винициус и Родриго. За Лајпциг од првата минута треба да истрчаат: Гулашчи, Хајнрих, Лукеба, Орбан, Раум, Олмо, Хаидара, Шлагер, Симонс, Опенда и Шешко. Мечот на Сантијаго…
Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги, проговори за споредбата на неговиот клуб со лидерот во Формула 1 – Ред Бул. „Пред еден месец ме прашаа за Алексис Санчез и Марко Арнаутовиќ. Велат дека сме како Ред Бул од Формула 1 но, не бевме такви пред неколку месеци. Ова е работа на сите: мојот штаб, играчите и клубот“ – вели Инзаги. „Сега треба да продолжиме да одиме напред и да се обидеме да ја пренесеме формата во Лигата на шампионите“ – изјави Инзаги.
Напаѓачот на Интер, Алексис Санчез, веројатно ќе добие понуда да го продолжи договорот со „нероаѕурите“, наведуваат медиумите на Апенините. 35-годишниот фудбалер се претвори во значајна фигура во клубот и речиси е незаменлив во првата постава. Актуелниот договор на чилеанскиот напаѓач истекува на крајот на јуни. Неговиот тим го чека реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид закажан на 13 март.
