Author: dino

Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат загуби од Шпанија во рамките на квалификациите за Европското првенство. Денеска во 4. коло од нашата група, „Фуријата“ славеше на домашен терен со 24:20 и си го потврди пласманот на Континеталниот собир. Во редовите на Шпанија најпрецизна беше Пинто со 4 голови додека Хереро и Коста имаа по три. Во нашиот табор се издвоија Кипријановски и Маџовска кои погодија по три пати. Македонија за да ја оствари целта и да патува на ЕП, сега ќе се насочи кон вторите пресметки со Литванија и Азербејџан. Тоа се селекции кои успеавме да ги победиме…

Read More

Кошаркарките на Баскет Кам денеска го совладаа МЗТ Скопје со убедливи 67-39 и по трет пат го освоија Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“. Тие мечот го решија уште во првото полувреме кога направија одлична предност. Во екипата од Македонска Каменица се издвои Ивана Кметовска со 23 поени и 15 скока додека Димова застана на 19 поени и 9 скока. Кај МЗТ Скопје најпрецизна беше Томас со 16 кошеви. Признанието МВП сосема заслужено го доби нашата репрезентативка, Кметовска.

Read More

Фудбалскиот клуб Парк со генерацијата 2012 го освои второто место на силниот меѓународен турнир во Сандански на кој се појавија 16 екипи. Во финалниот меч нашиот состав загуби од тимот на Пирин од Благоевград со 3:0. Според информациите од Бугарија, младите фудбалери на Парк биле подобри во првиот дел додека Пирин покажал повеќе во вториот и заслужено победил.

Read More

Според германскиот- „Sky Sport, поддршката за Един Терзиќ од страна на генералниот директор на клубот Ханс Јоаким – Вацке, постепено слабее.  Се претпоставува дека претстојните натпревари на тимот од Дортмунд, особено со Вердер, ќе бидат од одлучувачко значење за судбината на германскиот стручњак. Исто така значаен момент ќе биде реваншот со ПСВ во елиминациите во Лигата на шампионите.  

Read More

На крајот на јануари тренерот на Барса, чави објави дека ќе го напушти каталонскиот клуб. Веднаш по тоа дојдоа четири победи и два нерешени меча. „Ова прашање не е на дневен ред, бидејќи ништо не е сменето. Одиме чекор по чекор, се подготвуваме за натпреварот со Атлетик. До денес нема промени“ – вели Чави. „Забележав дека тимот стана поодговорен и поконкурентен. Играме со голема динамика, но тоа треба да се покажува на секој натпревар.По одлуката за заминување се обединивме“ – потенцираше тренерот на Каталонците.

Read More

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го пофали голманот, Андре Онана, кој полека ги покажува вистинските квалитети. „Мислам дека е многу добар. Ако ја оцениме целата сезона, мислам дека се прилагоди на Премиер лигата.  Јасно е дека напредува. Во последно време има многу добри настапи.Мислам Му треба предизвик и напредуваше“ – рече Тен Хег. Онана во дресот на „црвените ѓаволи“ прими 54 гола на 36 натпревари. 

Read More

Интимната пријателка на Кристијано Роналдо, манекенката Георгина Родригез, одговори на прашањето кога 39-годишниот фудбалер ќе ја заврши професионалната кариера. „Можеби уште една година. После тоа е готово. Но, можеби две години, не знам со сигурност“ – рече Родригез. Од јануари 2023 година, португалскиот фудбалер настапува Ал-Наср во Саудиска Арабија. Португалецот има договор до летото во 2025 година. Самиот Роналдо неодамна изјави дека сака да игра и на наредниот Мундијал.

Read More

Лидерот во шпанската Ла Лига, Реал Мадрид, ќе поднесе жалба за црвениот картон на Џуд Белингам, добиен на крајот на вчерашниот меч со Валенсија во Примера Дивизион. Англичанецот доби црвен картон по последниот свиреж поради неговата реакција откако судијата го заврши натпреварот пред голот за „белите“.   Тоа значи дека Белингем мора да го пропушти домашниот натпревар на Реал Мадрид против Селта Виго и може да биде суспендиран на повеќе натпревари.

Read More

Фудбалскиот состав Парк ја победи Славија Софија со 3:0 и успеа да се пласира во големото финале на силниот меѓународен турнир кој се реализира во Сандански. Избраниците на Боби Андоновски одиграа перфектен натпревар против една од најдобрите фудбалски академи во соседна Бугарија. Стрелци на головите беа Стефан Шиљковски, Михаил Динов и Стефан Секуловски. Генерацијата 2012 која е актуелен шампион на Македонија во нејзината возрасна категорија утре ќе се бори за победничкиот пехар.

Read More

Макс Верстапен го забележа петтиот грен слем во кариерата за време на првиот викенд од сезоната во Формула 1. Холанѓанецот успеа да победи во вчерашните квалификации а денеска го постави и најбрзиот круг на патеката во Бахреин. Второто место го освои неговиот клупски колега, Серхио Перез од Ред Бул додека членот на Ферари, Карлос Саинц го пополни третото на подиумот. Во топ десет завршија: Џорџ Расел, Ландо Норис, Луис Хамилстон, Оскар Пјастри, Фернандо Алонсо и Ленс Строл. Холанѓанецот претходно имаше максимален ефект во Австрија 2021, Емилија Ромања 2022, Шпанија 2023 и Катар 2023 година. Покрај Верстапен по пет такви успеси…

Read More