Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, кој псотигна два гола на вчерашниот меч со Лацио во Лигата на шампионите, вели дека е задоволен од неговата форма и пласманот во новата рунда елиминации во елитата на Европа. „ За првиот гол беше важно да се биде на вистинското место во шеснаесетникот. За вториот бев добро поставен и успеав да постигнам гол со левата нога“ – вели Англичанецот. „Тоа што му помагам на тимот ми дава дополнителна самодоверба. Знаеме дека можеме повеќе“ – додаде Англичанецот.
Author: dino
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој со два гола на вчерашниот натпревар со Реал Сосиедат му донесе пласман на францускиот состав во наредната фаза елиминации во Лигата на шампионите, вели дека сите биле мотивирани за победа. „ Знаевме дека не смееме да се опуштиме. 2:0 е опасен резултат, ако тие први дадеа гол, ќе беше потешко за нас“ – вели Мбапе. „Сакам да го освојам пехарот во Лигата на шампионите и секогаш го давам најдоброто“ – потенцираше играчот од „Паркот на принцовите“.
Околу 326 илјади гледачи ќе можат да присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во 2024 година во Париз. Тоа го соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин. Церемонијата ќе се одржи на 26 јули на реката Сена по која ќе пловат чамци со учесниците на Игрите. Гледачите ќе можат да ги следат од насипот, додека влезот ќе биде бесплатен за 222 илјади луѓе. Се очекува да се користат вкупно 180 чамци – 94 за превоз на спортисти и уште 86 за специјалисти од безбедносни и технички служби.
Макс Верстапен и Серхио Перез му донесоа двојна победа на Ред Бул на отворањето на сезоната во Формула 1 на патеката во Бахреин. Холанѓанецот немаше проблеми и лесно помина прв низ целта додека Мексиканецот успеа да го издржи нападот на конкурентите и да се искачи на второто место на подиумот. В пресрет на втората сезонска трка во Саудиска Арабија, Перез вели дека со нетрпение чека да се појави на патеката во Џеда. „Имаме уште многу работа на болидот. Вообичаено во Џеда трките се многу интересни. Минатата година забележав победа таму и со нетрпение чекам тоа да го повторам“ – вели…
Легендарниот тенисер, Андре Агаси, ги потенцираше слабостите во играта на младиот Карлос Алкараз кој ја предводи новата генерација на тенисери. „Навистина ми се допаѓа неговата игра но, понекогаш не знае каде да ја насочи својата енергија, стартува прерано и нема сила во неговите удари“ – вели Агаси. „Алкараз допрва ќе треба дознае како да врши притисок врз противниците и да ги максимизира своите шанси за успех. Има многу опции преку силен сервис и излегување на мрежа. Се надевам дека ќе го направи тоа наскоро“ – вели Агаси.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека е неверојатно чувството повторно да се биде во Индијан Велс. „Последен пат играв на овој прекрасен терен во 2019. Изгледа како да беше вчера. Неверојатно е да се вратиш во тенискиот рај. Едвај чекам да започне турнирот! Одиме – напиша Ѓоковиќ на Инстаграм. Мастерсот во Индијан Велс се игра од 6 до 17 март за награден фонд од 9.495.555 долари.
Фудбалскиот клуб Астон Вила пријави загуба од 119,6 милиони фунти на крајот на годината, објави денеска „Би-Би-Си. – Бројките се во согласност со стратешкиот бизнис план и во рамките на ПСР. Сопствениците на Астон Вила остануваат посветени на долгорочниот и одржлив развој на клубот и со нетрпение очекуваме да продолжи имплементацијата на стратешки план“, се вели во соопштението на клубот. Астон Вила е на четвртото место во Премиер лигата и има реални шанси да избори пласман во Лигата на шампионите.
Српскиот фудбалер, Душан Влаховиќ, ќе го пропушти натпреварот од 28. коло во Серија А меѓу Јувентус и Аталанта кој ќе се одигра в недела од 18 часот во Торино. Напаѓачот на „Старата дама“ доби жолт картон во поразот од Наполи со 2:1 во последното коло што беше негов петти во тековнава сезона. Отсуството на Влаховиќ ќе биде голем хендикеп за Јуве. Тој во сезонава за тимот од Торино на 24 натпревари постигна 15 гола.
Тренерот на фудбалерите на Џенова, Алберто Џилардино, изрази разочарување од досудениот пенал за Интер на вчерашниот меч во Милано иако ВАР ја прегледа ситуацијата. „ На теренот не изгледаше како пенал и откако ја видовме снимката сега сме сигурни во тоа. Кога судијата беше повикан од ВАР, требаше да ја преиспита одлуката но, не го стори тоа. Да речеме дека е сомнително“ – вели Џиралдино. „Со достапен ВАР, судиите на теренот мора да запрат, дури и ако прегледот трае неколку минути. На крајот на краиштата, тие се луѓе и секој може да направи грешка“ – потенцираше тренерот на Џенова.
Македонските ракометари на 15 и 16 март во градот Браила ќе одиграат два пријателски меча со селекцијата на Романија. Селекторот, Кире Лазаров денеска го објави списокот на репрезентативци. Меѓу нив се тројца дебитанти: Николас Најденовски, голманот Иван Галевски и Валентин Карасманакис.
