Околу 326 илјади гледачи ќе можат да присуствуваат на отворањето на Олимписките игри во 2024 година во Париз. Тоа го соопшти францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.
Церемонијата ќе се одржи на 26 јули на реката Сена по која ќе пловат чамци со учесниците на Игрите. Гледачите ќе можат да ги следат од насипот, додека влезот ќе биде бесплатен за 222 илјади луѓе.
Се очекува да се користат вкупно 180 чамци – 94 за превоз на спортисти и уште 86 за специјалисти од безбедносни и технички служби.