Author: dino

Баерн (Минхен) ќе ја продолжи соработката со фудбалерот Ерик Диер, објавија медиумите во Германија. Англичанецот игра на позајмица од Тотенхем и успеа да ја исполни клаузулата од договорот што значи дека автоматски ќе продолжи да биде дел од Баварците до 30 јуни 2025 година. „Многу сум среќен во Минхен. Мојата иднина е решена и можам само да се концентрирам на настапите. Сакаме повторно да освојуваме натпревари и титули“ – вели дефанзивецот кој има седум настапи за бранителот на титулата во Бундес-лигата.

Read More

„Да ја раскажеме нашата фудбалска приказна на светот е од огромно значење“, потенцираше претседателот на Фудбалската федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал Мишехал, кој воедно ја најави кандидатурата за Мундијалот во 2034 година. „Постигнавме невиден напредок и за мажите и за жените а нашата понуда е отворена покана до светот да ни се придружи на ова возбудливо патување. Следниот чекор во процесот е доставување на целосните документи за апликација до ФИФА во јули“ – потенцираше Мишехал. Изборот на домаќините за Светските шампионати во 2030 и 2034 година ќе се одржи на Конгресот на ФИФА на крајот на годинава.

Read More

Андреј Рубљев не е виновен. Токму така може да се сумираат изјавите на тенисерите по дисквалификацијата на Русинот на крајот од неговиот полуфинален меч со Александар Баблик од Казахстан на турнирот во Дубаи.  Се разбира, никој не го оправдува емоционалниот излив на Рубљов, но во исто време, неговите колеги ја проценуваат казната премногу сурова.Скандалот се случи кога линискиот судија не го забележал аутот по што Рубљов притрча до него и му се обрати со груб тон. Веднаш потоа судијата го исклучи поради упатени вулгарности. 

Read More

Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа одиграа нерешено на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и направија чекор назад во трката за шампионската титула. Гостинскиот фудбалер Матис Тел, вели дека неговиот состав бил далеку подобар во вториот дел и дека требал да ги освои трите бода. „Имавме многу шанси за гол, но постигнавме само два што за жал не беше доволно. Секако дека треба да играме подобро. Сега мора да гледаме напред. Треба добро да се подготвиме за мечот со Лацио“ – изјави напаѓачот на Баерн.

Read More

Македонскиот атлетичар во скок во далечина, Андреас Трајковски го освои 12. место на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Глазгов. Тој во првите три серии имаше најдобро постигнување од 7 метри и 73 сантиметри и за само три сантиметри не успеа да се пласира меѓу осумте најдобри. Иако имаше идентичен резултат со Божидар Сарабојуков, Бугаринот заврши на 11-тата позиција бидејќи во вториот скок беше подобар од Трајковски.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Интер, Симоне Инзаги вели дека неговиот состав не бега од улогата на главен фаворит за освојување на победничкиот пехар во Серија „А“. „Мораме да продолжиме со добриот ритам. Не може да се негира дека тимот игра добро а тоа го правиме две и половина години. Освоивме пет трофеи, игравме финале во Лигата на шампионите и имаме добро водство на табелата“ – вели Инзаги. „Нероаѕурите“ в понеделник ги очекува меч на домашен терен со Џенова во рамките на 27 коло во италијанскиот фудбалски шампионат.

Read More

Директорот на АМС, Наумче Мојсовски и заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска-Мадиќ, денеска на средба со новинарите се насочија кон промените во законот за спорт во кој се третира ваучер-системот. „Горд сум што можам да кажам дека фантастични 10 милиони евра ќе влезат директно како финансиска поддршка за клубовите, федерациите, спортистите. Ова е историска сума која ја потврдува заложбата на АМС за унапредување на македонските национални федерации, спортски клубови и спортисти. Заедно со министерството за правда го модифициравме досегашниот систем т.н. ваучерски систем и стигнавме до директни државни субвенции“ – рече Мојсовски. „Законот беше предложен од министерството за правда и…

Read More

Двократниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, кој во изминатата сезона имаше шест искачувања на подиумот во првите осум трки, вели дека неговиот тим, Астон Мартин, бил во подобра позиција пред 12 месеци. Неговиот заклучок дојде по завршните тестови во Бахреин непосредно пред стартот на новата сезона. „Задоволен сум од промените. Многу добро ги познаваме пневматиците. Направивме неколку промени и задоволни сме од резултатот“ – изјави Шпанецот за медиумите.

Read More

Стефано Доменикели,  најави дека од 2026 година календарот на Формула 1 може да вклучи ротација на европските стартови. Изјавата доаѓа во време на продолжување на договорите на повеќето од патеките главно надвор од Стариот континент. „Тоа ќе биде година во која ќе има многу натпреварувања особено во Европа со кои имаме различни опции – изјави Доменикели. „Мислам дека Мадрид покажува нешто што е многу важно. Сите мислеа дека треба да излеземе од Европа бидејќи таму немаме внимание но, ние го покажавме спротивното“ – изјави Италијанецот.

Read More

Англиски Евертон е подготвен да му понуди нов договор на 27-годишниот фудбалер од средниот ред Деле Али, пренесува „Sky Sport“.   Тој има тековна соработка до 30 јуни 2024 година и не крие дека сака да осатне во Премиер лигата. Али стана играч на „карамелите“ во јануари 2022 година а изминатата сезона ја мина на позајмица во Бешикташ.  Вкупно, Англичанецот одигра 15 натпревари за турскиот клуб на кои постигна три гола. Деле нема одиграно ниту еден натпревар оваа сезона. Фудбалерот се лекуваше и од зависности во центар за рехабилитација.

Read More