Стефано Доменикели, најави дека од 2026 година календарот на Формула 1 може да вклучи ротација на европските стартови. Изјавата доаѓа во време на продолжување на договорите на повеќето од патеките главно надвор од Стариот континент.
„Тоа ќе биде година во која ќе има многу натпреварувања особено во Европа со кои имаме различни опции – изјави Доменикели.
„Мислам дека Мадрид покажува нешто што е многу важно. Сите мислеа дека треба да излеземе од Европа бидејќи таму немаме внимание но, ние го покажавме спротивното“ – изјави Италијанецот.

