Author: dino

Челниците на  фудбалскиот состав, Баерн (Минхен), сакаат да го задржат дефанзивецот, Ерик Даер, кој игра како позајмен од англискиот, Тотенхем.   30-годишниот фудбалер кој настапува за германскиот гигант, потпиша договор до крајот на актуелната кампања со опција за продолжување на уште 12 месеци. Тој успеа да ги исполнинеопходните услови кои автоматски ќе му го продолжат договорот. Англичанецот забележа 6 настапи.

Read More
NBA

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, кој се опоравува од операцијата на менискусот на левото колено, планира да се врати на теренот пред крајот на регуларниот дел од сезоната во НБА. Камерунецот откри дека проблемите со коленото датирале од крајот на минатата сезона и дека морал да се оперира. „Се зависи од тоа како ќе реагира моето тело. Ако сум добро, ќе се вратам, во спротивно ќе продолжам со рехабилитацијата“ – вели кошаркарот на Филаделфија.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, изјави дека сакал да го купи Ерлин Халанд додека играше за Салцбург. „Бев на прагот да го купам Халанд за 50 милиони евра.  Официјалната понуда беше дадена но, Мино Раиола ми рече:  Ќе се пресели во друг клуб“. Ги прекинав преговорите и тоа беше крајот“, изјави Де Лаурентис. Во јануари 2020 година Халанд се пресели во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра а две години подоцна замина во Манчестер Сити. Дoсега за „граѓаните“ постигна 79 голови на 83 натпревари.

Read More

Со 89 гласа за и без ниту еден против, пратениците го изгласаа Законот за распределба на парите за спортистите. Најголемата промена во новата верзија на Законот за спорт е тоа што само 25 проценти ќе можат да се употребат за плати на странските спортисти. Три четвртини ќе мора да заврши кај Македонци. Во законот се предвидени и казни во случај на злоупотреба на парите од ваучерот. Тие може да бидат и до 10.000 евра за федерациите и клубовите. Секоја федерација мора да ја објави прелиминарната бодовна листа на клубови и на спортисти најдоцна до 1 март во годината.

Read More

Фернандо Алонсо кој ќе ја реализира 21-та сезона во Формула 1 откако во далечната 2001 година, влезе во така наречениот „циркус на тркала“, изјави дека не знае дали и во 2025-та ќе биде активен на патеките. Шпанецот кој има две титули, во два наврата ја прекина кариерата за потоа да се врати. Неговиот договор со со Астон Мартин е до крајот на претстојната сезона. „Прво треба да одлучам дали сакам да продолжам да се натпреварувам. Сега се чувствувам одлично. Знам дека ќе имаме нови правила. Ќе почекам неколку трки а потоа ќе одлучам“ – потенцираше Алонсо кој во 2023-та во…

Read More

Сопственичката на Њукасл, Аманда Стејли, денеска се појави на суд откако беше вмешана во сериозен скандал, пишува Телеграф. Грчкиот поморски тајкун, Виктор Рестис, тврди дека не успеал да нaплати долг од 35 милиони фунти кој датира од 2008 година. Поранешниот модел е во брак со Мердад Годуси, кој е еден од сопствениците на Њукасл. Токму Стејли ја водеше целата трансакција за купувањето на англискиот состав од конзорциумот од Саудиска Арабија.

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го гледа тренерот на Милан, Стефано Пиоли како прв фавори да стане нов шеф на стручниот штаб на италијанскиот шампион, наведуваат медиумите во Италија. Се очекува Наполи да назначи нов менаџер за сезоната 2024/25 освен ако времениот, Франческо Калцона, не успее да заврши меѓу првите четири во тековниот шампионат. Ќе потсетиме дека Пиоли има договор со „росонерите“ до јуни во 2025 година.

Read More

Градското собрание на Париз соопшти дека ниту еден полициски план за претстојните Олимписки игри не бил изгубен во кражба на компјутерска опрема што ја пријавиле официјалните лица. -Првичните проверки утврдија дека работникот немал никакви информации поврзани со организацијата и распоредувањето на органите за спроведување на законот за време на Олимписките и Параолимписките игри“, се вели во соопштението . Вчера беше објавено дека компјутер и УСБ-дискови со безбедносни планови за Олимпијадата биле украдени во француската престолнина.

Read More

Македонската машка кошаркарска селекција напредуваше на листата на ФИБА. По убедливата победа со Полска во рамките на квалификациите за Европското во 2025 година, сега се наоѓаме на 24 место. Полјаците паднаа за 10 места и сега 22-ри. Лидерот во групата Естонија по двете победи влезе меѓу првите 10 додека Литванија ја има осмата позиција во рангирањето на ФИБА. Лидер е Србија пред Франција и Летонија.

Read More

Лина Ѓорческа успешно го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во Трнава што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Нашата најдобра тенисерка на ВТА листата, успеа да ја победи Урсула Радванска со 2-0 и да обезбеди место во втората рунда.  Ѓорческа сега ја чека пресметката со Еала Александра од Филипини која денеска беше подобра од Унгарката , Ана Бондар.

Read More