Големата ѕвезда на Ал Наср, Кристијано Роналдо, веројатно ќе биде казнет со забрана за настап на два меча поради непримерниот потег кон фановите на натпреварот со Ал Шабаб од 21. коло на Саудиска фудбалска Про лига. Португалецот покажа непристоен гест кон противничките навивачи кои го скандираа името на „Меси! 38-годишниот Роналдо во сезонава на 20 натпревари постигна 22 гола и направи девет асистенции. Тој има 3 натпревари и четири голови во Купот на арапските шампиони како и пет голови во Лигата на шампионите на АФЦ.
Author: dino
Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и на селекцијата на Германија, Дитмар Хаман, го критикуваше најавеното враќање во германската репрезентација на 34-годишниот играч на Реал Мадрид, Тони Крос . „Не треба да кажеме дека Крос е извонреден играч. Тој освоил најмногу титули, тој е веројатно најдобриот играч што некогаш сме го имале“ – вели Хаман. „Не можете да одите на Европско или Светско првенство и да играте во средниот ред со тројца постари од 30 години. Грос (32 години), Гундоган (33 години) и Крос (34 години) имаат речиси 100 години заедно. Фудбалот стана спорт за младите“ – изјави Хаман.
Легендарниот англиски фудбалер, Гери Невил, го нарече Јирген Клоп еден од најдобрите тренери во историјата на Премиер лигата. Германецот со неговиот Ливерпул во текот на викендот успеа да го освои победничкиот пехар во англискиот Лига Куп откако беше совладан Челзи во продолженијата (1:0). „Специјалните менаџери прават посебни работи и тој е еден од најдобрите што некогаш ги видела Премиер лигата. Тренер чудовиште, чиј тим во средна или лесна категорија победува како тешкаш. Сето тоа е благодарение на него.Погледнете ја енергијата на Клоп, неговата страст, неговиот дух. Едвај чекам да си замине!“ – потенцираше поранешниот играч на Манчестер Јунајтед.
Како резултат на напад на израелските воздухопловни сили на куќа во Дир ал-Балах, во центарот на Појасот Газа, загинаа Мухамед Хатаб заедно со неговата сопруга и четирите деца, пренесува Ал Џезира. Според изворот, Мухамед Хатаб бил фудбалски судија акредитиран од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). 12 земји од Блискиот Исток побараа исклучување на израелската фудбалска репрезентација од сите конкуренции поради воената операција во Појасот Газа. Тоа се : Палестина, Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ, Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Сирија и Јемен.
Македонските кошаркари со пораз ги започнаа квалификациите за ЕП во 2025 година. Во преполниот СРЦ Кале, гостите од Естонија одиграа одлично во третиот период кога направија предност и успеаја да го решат мечот. Во нашиот состав се издвои Ненад Димитријевиќ со 25 поени додека Итан Хап во дебито имаше 18 поени, девет скокови и три асистенции. Во победничкиот состав Котсар и Вене на крајот дојдоа до 16 кошеви. Македонија в понеделник ќе и гостува на Полска која на стартот загуби од првиот фаворит во групата – Литванија.
Фудбалерите на Ливерпул и на Челзи в недела на легендарниот стадион – „Вембли“ ќе го одиграат финалето во Лига Купот на Англија. Откако тренерот на „црвените“, Јирген Клоп, изјави дека неговиот тим не е фаворит за освојување на пехарот, веднаш реагираше неговиот колега на клупата на „сините“, Маурисио Покетино. „Секако, ако кажат дека не се фаворити, тогаш ќе кажеме дека и ние не сме фаворити. Навистина, во неговите осум години во клубот тие имаат искуство. За многу наши играчи ова е прво финале во кариерата“ – вели Аргентинецот.
Линдерс кој му е помошник на Јирген Клоп во Ливерпул, одговори на прашањето дали е подготвен да го наследи Германецот и да биде менаџер на „црвените“. „Не. Да бидам искрен, многу јасно кажав. Кога разговаравме одамна, се ми беше јасно. Се чувствував подобро кога тој [Клоп] рече: „Така нека биде“. Веќе летото знаевме: „Во ред, доаѓаме до крајот на овој проект“. „Клубот ќе најде нов тренер со нови идеи. Најдете го вистинскиот клуб кој е заинтересиран за мене. Сега сум фокусиран на сезонава“ – изјави Линдерс.
Пеп Гвардиола зборуваше дали сака Манчестер Јунајтед да го предизвика Сити во битка за титулата во Премиер лигата. „Сакам Манчестер Сити мојот тим, да биде на врвот. Останатото не ми пречи. Сакаме да бидеме таму. Тие беа само втори под водство на Жозе Мурињо. Би рекол дека не биле толку блиску до трофеј како Ливерпул долги години. Но, јас секогаш го очекував тоа од мојот прв ден тука“ – вели Шпанецот. „Секогаш очекував Јунатед да биде во игра за титулата. Поради нивната историја, традиции и многу повеќе. Тоа не се случи. Не знам од која причина. Тоа е нивна работа а не наша “ – изјави тренерот на „граѓаните“.
Шефот на „црвено-белите“ од Белград, Небојша Човиќ, ги истакна приоритетите за засилувања во текот на летото. „Треба да го засилиме составот. Можам да кажам дека сме многу заинтересирани за Никола Калиниќ. Работиме на неговото враќање. Имаше договор по шемата „1+1“ а ние му доцнивме 4 од 5 плати“ – вели Човиќ. „Човекот чекаше, му ветивме но, не го одржавме ветувањето. И тој се пресели во Барселона. Работиме на неговиот трансфер“ рече Човиќ.
Легендата на НБА, Ален Ајверсон, одговори на прашањето за модерната одбрана што се практикува во најсилната светска кошаркарска лигата. „Не сакам да правам само-ПР. Па, да речеме, тогаш ја загубив титулата најдобар стрелец од Коби: тој постигнуваше 35 по натпревар а јас 33. Мислам дека ако играв денеска кога е се отворено, лесно би додал уште 10 поени и би имал просек од 43 кошеви“ – рече Ајверсон. Тој беше избран за најкорисен играч во НБА во 2001 година а има и 11 настапи на Ол Стар мечевите.
