Author: dino

Манчестер Сити  доцна синоќа славеше против Брентфорд со минимални 1-0 во одложениот меч од 18 коло во фудбалската Премиер-лига по што се врати на второто место на табелата. Мечот на стадионот – „Етихад“ го реши норвешкиот голгетер, Ерлин Халанд. Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гаврдиола, вели дека очекувал тешка пресметка со тимот што го предводи Томас Франк. „Имавме многу шанси за гол иако е тешко да се игра против нив. Настапот на тимот беше навистина добар и јас сум задоволен од резултатот“ – изјави Гвардиола.

Read More

Срѓан Захариевски ќе го наследи црногорскиот стратег, Милјан Радовиќ, на клупата на Воска Спорт. Охридскиот состав се определи за таков потег веднаш по поразот на теренот на Шкупи на стартот на пролетниот дел во прволигашката фудбалска конкуренција. Захариевски кој претходно седеше на кормилото на Пелистер, Металург и Струга ТЛ, со новиот состав го очекува тешка битка за опстанок во елитата кај нас.

Read More

Фудбалерот на Наполи, Хвича Кварацелија, веројатно на крајот на сезоната ќе добие понуда да се пресели во екипата на Барселона, велат последните вести од неговата татковина, Грузија. Тој во сезонава одигра 31 натпревар на сите турнири на кои постигна шест голови и направи пет асистенции. Луцидниот фудбалер од средината на теренот кој знае да ги решета противничките мрежи, има договр до крајот на јуни во 2027 година. Според одредени проценки, неговата трансферна вредност се движи околу 70 до 80 милиони евра.

Read More

Десниот бек на Баер Леверкузен, Џереми Фримпонг, се наоѓа на радарот на Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, наведуваат денеска дел од медиумите во Германија. Според нив, 23-годишниот одбранбен играч претпочита клубови од англиската Премиер лига. Тој има договор до јуни во 2028 година а неговата трансферна сума е околу 50 милиони евра. Одличниот дефанзивец настапува за екипата на Баер Леверкузен од 2021 година. 

Read More

17-годишниот напаѓач на бразилскиот Палмеирас, Ендрик, кој ќе му се приклучи на Реал Мадрид во текот на летото пред нас, ќе игра со број 9, пренесе весникот – „Марка“. Претходно тој го носеше легендарниот напаѓач на „карлевите“, Карим Бензема. Младиот играч во претходната сезона имаше 53 натпревари на сите турнири со ефект од 14 голови и една асистенција.  Шпанскиот клуб за неговите услуги ќе плати 45 милиони евра.

Read More

Играчите на Интер ќе излезат со црни траки на денешниот меч со Ателтико Мадрид во Лигата на шампионите. Причина за тоа е трагичната вест за смртта на поранешниот член на „нероаѕурите“, Андреас Бреме. Натпреварот меѓу Интер и Атлетико ќе се одигра денеска од 21.00 часот. Бреме кој почина на 63-годишна возраст, во текот на кариерата играше за Баерн Минхен, Кајзерслаутерн, Интер и Сарагоса. Со италијанскиот тим стана шампион на Серија „А“ и го освои Купот на УЕФА. 

Read More

Нашиот атлетичар, Огнен Стефановски, постави национален рекорд во дисциплната скок со стап во сала со што го урна досегашниот поставен во 1969 година кој беше еден од најстарите македонски рекорди во „кралицата на спортовите“. Стефановски успеа да прескокне 3,65 метри штое речиси три метри послабо од светскиот рекорд на Швеѓанецот, Арманд Дуплантис, кој има прескокнато 6,22 метри, објави Атлетската Федерација на Македонија на социјалните мрежи. Стефановски и претходно имаше забележителни резултати во различни дициплини и на меѓународните натпреварувања.

Read More

Весникот – „Марка“, објави, дека францускиот фудбалер, Килијан Мбапе, потпишал 5-годишен договор со Реал Мадрид. Напаѓачот во текот на летото ќе го напушти Пари Сен-Жермен и како слободен играч ќе се пресели на Пиринеите. Договорот меѓу двете страни бил постигнат пред две недели. Брзоногиот играч ќе биде најплатен фудбалер кај „кралевите“. Тој ќе добива од 15 до 20 милиони евра годишно без дополнителни бонуси.

Read More

Нашата Лина Ѓорческа со пласманот во четвртфиналето на собирот во Анаталија, Турција, успеа да напредува на новата ВТА листа на најдобрите тенисерки на светов. Таа со новите 9 поени има вкупно 319 што беше доволно да напредува за четири позиции и да го обезбеди 235.то место. Таа успеа да отиде чекор понапред и во конкуренција на двојки односно има скок за едно место – 373 со истиот број на поени – 226. Што се однесува до Магдалена Стоилковска, таа се спушти за една позиција и  се наоѓа на 1212 -то место со 9 поени.

Read More

Поранешниот возач на Ферари во Формула 1, Герхард Бергер, вели дека доаѓањето на Луис Хамилтон во Ферари во 2025 година било логичен развој на настаните. „Беше јасно дека Луис ќе заврши во Ферари, тоа ќе биде од корист за двете страни. Тимот треба да започне нова фаза а Луис е еден од најдобрите возачи во историјата“ – вели Бергер. „Луис  знае дека освојувањето на шампионската титула со Ферари ќе додаде посебна вредност на неговата кариера. Тоа е сон на секој пилот“ – вели Бергер.

Read More