Author: dino

Рафаел Надал реши да стави крај на ѕвездената кариера по завршувањето на актуелната сезона. 37-годишниот тенисер подолг период се измачува со повреди и затоа неговата одлука е сосема очекувана. „Засега мислам од ден на ден. Ќе донесам конечна одлука пред Ролан Гарос. Ќе бидам повнимателен во наредните месеци“ – потенцираше Надал. Шпанецот има 22 грен слем титули од кои 14 се освоени во Франција.

Read More

Голгетерот на Аталанта, Луис Мјуриел, кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во екипата на Орландо Сити.  Договорот  ќе му биде 2+1 година а во новиот тим ќе го носи дресот со број 9. Муриел пристигна во Бергамо во летото во 2019 година и одигра вкупно 184 натпревари со 68 голови и 28 асистенции. Колумбиецот го држи рекордот за најмногу постигнати голови од играч кој доаѓа од клупата. „Многу сум возбуден и среќен. Видов дека доаѓам во клуб кој сака да освојува трофеи“ изјави 32-годишниот фудбалер.

Read More

Меѓународната агенција за интегритет во тенисот – (ITIA), му го намали периодот на дисквалификација на 23-годишниот американски тенисер, Џенсон Броксби. Тој во октомври во 2023 година беше суспендиран на 18 месеци поради пропуштање на допинг тестови. Денеска, ИТИА го намали периодот на 13 месеци. – „ITIA“, „WADA“ и претставници на играчот се согласија дека вината за прекршувањето на правилата не е толку голема и затоа санкцијата е намалена на 13 месеци“, стои во објавата.

Read More

Лина Ѓорческа не успеа да го скокне првото коло на ИТФ фјучрсот во Анталија. Македонската тенисерка денеска загуби во два сета од Александра Шубладзе. Русинката го доби првиот сет со 6-2 додека во вториот славеше со 6-3. Бидејќи огранизаторот во Турција се соочи со лоши временски услови и обилен дожд, мораше драстично да го промени распоредот. Затоа мечот на Ѓорческа беше пролонгиран за цели два дена.  

Read More

Првата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе, го информирал раководството на „светците“ дека ќе си замине на крајот на сезоната, наведе познатиот новинар, Фабрицио Романо на социјалните мрежи. Брзоногиот напаѓач во 2015 го напушти Монако и како позајмен се пресели во францускиот состав. Две години подоцна потпиша перманентен договор со клубот. Мбапе има одиграно 143 средби за екипата од „Паркот на принцовите“ и постигнато 128 голови. Се претпоставува дека репрезентативецот на „галските петли“ кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Read More

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, вели дека новото засилување, Расмус Хојлунд, донесе многу свежина во нападот и дека станува збор за одличен фудбалер. „ Знаевме дека има талент а сега тоа го гледаме и на мечевите.  Тој ќе биде одличен играч за нашиот клуб“ – вели Мегваер. „ На тренинзите работи максимално и се обидува да ја искористи секоја шанса кога ќе биде на теренот. Знаевме дека ќе биде успешен“ – нагласи Мегваер.

Read More

Фудбалерот, Душан Влаховиќ, кој поради повреда го пропушти вчерашниот меч со Удинезе во Серија „А“, денеска работел полесна програма на тренингот на Јувентус. „Старата дама“ која заостанува зад Интер во трката за титулата, се подготвува за гостувањето кај Верона на 17 февруари. Влаховиќ кој има 24 години, од почетокот на сезоната има постигнато 12 гола на 23 натпревари во сите натпреварувања.

Read More

Кајл Кузма не сакал да го напушти Вашингтон и да замине во екипата на Далас. Според најавите од САД, кошаркарот ја одбил понудата и изјавил дека сака да остане за да му помогне на тимот во трката за титулата. Најдобриот стрелец на „Визард“,откри дека за евентуален „трејд“ разговарал со претседателот на клубот. „Мајкл Вингер ми ја покажа понудата, очигледно не сакајќи да донесам одлука, ме пушти тоа да го направам. Јас му реков дека сакам да останам и да му помогнам на тимот да продолжи да се гради“ – изјави Кузма за „The Athletic“.

Read More

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, истакна дека напаѓачот на Арсенал, Букајо Сака, не  е играч од светска класа. „Не е уште но, се прашувам што е „светска класа“? Видовте, не се покажа во Лигата на шампионите , нели? Мислам на најважните фази. Сака е добар, само толку“ – вели Фердинанд. 22-годишниот Сака успеа да дојде до 50-от гол за „топчиите“ и да стане најмладиот играч во клубот во последниве 46 години кој ја достигнал таа бројка.

Read More

Премиер лигата одобри продажба на дел од акциите на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед на милионерот, Џим Ретклиф. „Црвените ѓаволи“ во декември 2023-та најавија дека ќе му продадат 25% од акциите на Ратлиф за околу 1,25 милијарди фунти. Премиер лигата денеска објави дека го ратификувала договорот меѓу двете страни. Откако ќе биде одобрена продажбата на акциите на Манчестер Јунајтед, лигата чека потврда за трансакцијата.

Read More