Author: dino

Девин Хени (31-0) и Рајан Гарсија (24-1) се договорија за боксерски меч на 20 април. Хејни ќе го брани појасот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ) во супер-лесна категорија. Хени ја заврши 2023 година со едногласна одлука за победа против Регис Прогрес. За него тоа беше деби во категоријата до 63,5 килограми. Гарсија пак, се врати по поразот од Дејвис во мај 2023 година откако победи со нокаут во осмата рунда на мечот со Оскар Дуарте.

Read More

Рекордни 67,8 милиони Американци планираат да се обложуваат на „Super Bowl – Super Bowl LVIII“ меѓу Канзас Сити и Сан Франциско, соопшти Американското здружение за обложување. Бројките значат дека приближно 25% од Американци ќе ја искористат можноста. Мечот е закажан за  утре во 00.30 часот во Лас Вегас кој е главен град на „коцкањето“ на САД. Вкупниот влог се очекува да биде 23,1 милијарди долари што е значително повеќе од минатогодишното издание на финалето, кога во игра беа околу 16 милијарди долари. Обложувањето на спортски настани е дозволено во 38 држави плус Вашингтон.

Read More

Фудбалскиот состав Сантос сака да го ангажира Нејмар, призна лично претседателот, Марсело Тешеира. Бразилскиот интернационалец ја реализира првата година во дресот на Ал-Хилал. Тој има  договор до 2025-та но, ќе мора го пропушти остатокот од сезоната во Саудиска Арабија поради операција по повредата на коленото. „Имавме многу брз разговор со Нејмар, обично брзите разговори имаат добар ефект. За да се врати кај нас и да игра за Сантос, прво мора да се опорави од повредата“ – изјави претседателот на бразилскиот клуб.

Read More

Извршниот директор на Баерн Минехн, Јан Кристијан Дрезен, вели дека нема да дојде до промена на кормилото иако Баварците вчера го загубија убедливо дербито со Баер Леверкузен во Бундес-лигата. „Нема ништо да се промени околу тренерот. Заслуживме да загубиме, Баер Леверкузен беше подобар. Добро е што има уште 13 кола до крајот и да се надеваме дека Баер Леверкузен ќе погреши“ – рече Дрезен. Ако се суди според неговите зборови, тренерот, Томас Тухел, ќе ја има поддршката на челниците на тимот иако навивачите дефинитивно не се задоволни од развојот на настаните во клубот.

Read More

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, успеа да дојде до бројката од 51 гол откако два пати реализираше на вчерашниот меч со Евертон во Премиер лигата.   Со тој ефект, голгетерот на „граѓаните“ се проби на првото место на вечната листа бидејќи успеа да постигне повеќе голови од кој било друг фудбалер по 50 мечеви одиграни во елитата на Англија. Тој во сезонава одигра 26 натпревари на сите турнири на кои постигна 21 гол и направи шест асистенции. Халанд има договр до јуни во 2027 година.

Read More

Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа во големото дерби со Вардар 27 -21 и ја задржаа неизвесноста во трката за шампионската титула.   Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола по крајно изедначено прво полувреме, домаќинот блесна кон средината на  второто кога стигна до пет голови предност (19-14) и практично го реши победникот. Кај битолачни Кузмановски постигна осум голови додека кај „црвено-црните“ се издвои Николиќ кој пет пати се запиша во листата на стрелците.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, најверојатно ќе го продолжи договорот со ФА кој му истекува во декември во 2024 година, велат денешните информации од „колевката на фудбалот“. Тие наведуваат дека 53-годишниот стратег кој го презеде кормилото во 2016-та, ќе остане на чело кај „Гордиот Албион“  најмалку до 2026 година. Саутгејд ќе ги води Англичаните на претстојното Европско првенство во Германија. Таму во првата групна фаза ќе го очекуваат пресметките селекциите на Словенија, Данска и Србија. Англија и беше противник на Македонија во квалификациите за ЕП. Првиот меч го загубивме со 7-0 а во вториот во Скопје одигравме…

Read More

Фудбалерот на ПСЖ, Коло Муани, кој ја игра првата сезона во Франција откако беше купен од Ајнтрахт Франкфурт, вели дека се чувствувал посреќен во Германија и дека таму немал голем притисок. „Во почетокот ме погодија критиките, бидејќи јас сум жив човек а не робот, имам чувства. Но, не сум тажен. Среќен сум што сум играч на ПСЖ“ –  изјави Коло Муани кој има договор до 2028 година. Тој во сезонава одигра 27 натпревари на сите турнири на кои постигна 11 голови и направи три асистенции.

Read More

Раководството на фудбалскиот состав, Севилја, размислува дали да му го продолжи договорот на 37-годишниот дефанзивец, Серхио Рамос, наведуваат неколку медиуми на Пиринеите. Искусниот стопер кој има тековна соработка до крајот на сезонава, изрази желба да ја продолжи кариерата во клубот од Андалузија. Рамос се активираше во Севилја во септември во изминатата година како слободен играч. Досега учествуваше на 22 натпревари во сите конкуренции. Тој иако е класичен дефанзивец, успеа д постигне пет голови и да направи една асистенција. Неговата вредност на трансфер-пазарот е околу 5 милиони фунти.

Read More

Познатиот новинар, Фабрицио Романо, наведе дека Ханси Флик, има желба да го наследи Чави Ернандез кој најави дека сака да ја напушти клупата на Барселона на крајот на сезоната. Ќе потсетиме дека неодамна се појави вест дека Флик кој работеше како селектор на германската репрезентација и тренер на Баерн Минхен, започнал да учи шпански. Барселона моментално се наоѓа на третото место на табелата во Примера Дивизион. Каталонците имаат осум бодови помалку од водечкиот Реал Мадрид.

Read More