Ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа во големото дерби со Вардар 27 -21 и ја задржаа неизвесноста во трката за шампионската титула.
Во салата „Боро Чурлевски“ во Битола по крајно изедначено прво полувреме, домаќинот блесна кон средината на второто кога стигна до пет голови предност (19-14) и практично го реши победникот.
Кај битолачни Кузмановски постигна осум голови додека кај „црвено-црните“ се издвои Николиќ кој пет пати се запиша во листата на стрелците.