Author: dino

Возачот на Дукати, Хорхе Мартин, откри дека луѓето од екипата го пропуштиле рокот да одлучат кој феринг ќе го користи шпанскиот возач на првата трка од сезоната во Мото ГП 2024 година. На вчерашниот прв тест ден на Сепанг, Мартин беше најбрз а денеска во деветтиот круг го подобри рекордот на патеката во Малезија. „Не беше лесен ден. Да, на почетокот бевме брзи со стариот феринг. Но, тогаш го ставивме новиот и не се однесуваше добро. Тежок ден затоа што требаше да избереме феринг но, не го направивме вистинскиот потег. Утре мора да се реши проблемот“, објасни Мартин.

Read More

Откако се појави шпекулација дека голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халан, не е задоволен од претстојот во Англија и дека размислува за евентуален трансфер во Реал Мадрид, челниците на „граѓаните“ сакаат да исфорсираат нов договор. Тие имаат желба да го задржат Норвежанецот на подолг рок и затоа планираат да му понудат повисока плата и веројатно да ја зголемат откупната клаузула.   Халанд во тековнава сезона заедно со Мохаме Салах од Ливерпул го дели првото место на листата на стрелците во Премиер-лигата.

Read More

Нашата тенисерка, Лина Ѓорческа, одлично го стартуваше ИТФ Фјучeрсот кој се реализира во Анталија, Турција.  Таа славеше сигурно против Холанѓанката, Хагеман во два сета и тоа со идентични 6:2. Ѓорческа која е рангирана како трета носителка во сингл, утре ќе се појави и во конкуренција на двојки заедно со Ева Ведерер од Холандија. Тие како втори носителки ќе ги одмерат силите со Јапонките, Козаки и Аикава.

Read More

Фудбалерите на Англија пред да заминат на Европското првенство во Германија ќе имаат два теста на домашен терен. Првиот ќе биде против Босна и Херцеговина на 3 јуни на „Сент Џејмс Парк“  во Њукасл а вториот против селекцијата на Исланд на 7 јуни на легендарниот „Вембли“ во Лондон. Претходно, „Гордиот Албион“ ќе има два контролни меча против Бразил и Белгија.  Англичаните на Континенталниот собир се во групата „Ц“ во Гелзенкирхен. Првиот дуел ќе го имаат против Србија на 16 јуни. Потоа ќе играат со Данска на 20-ти а во последното коло со Словенија на 25 јуни.

Read More

Големата ѕвезда на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, има реална шанса да го напушти клубот во текот на летото, најавуваат последните информации од Островот. Неговиот договор е валиден уште една година но, нема најава дека ќе го продолжи со сосема други услови. Според одредени шпекулации, „граѓаните“ сакаат да ја продолжат соработката со Белгиецот но, значително да му ја намалат платата.

Read More

Англиските медиуми најавија дека фудбалерот, Мохамед Салах, на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Наводно, екипата од „Енфилд“ дефинитивно е подготвена да се раздели со репрезентативецот на Египет доколку пристигне добра понуда од Саудиска Арабија. Згора на тоа и 31-годишниот напаѓач, има изјавено дека сака да ја промени средината па дури и континентот алудирајќи на богатите понуди од Арапскиот Полуостров.

Read More

Поранешниот тренер на Баерн (Минхен), Ханси Флик, влегува меѓу кандидатите за наследник на Чави Ернандез на клупата на Барселона, тврди таблоидот -„Билд“. Наводно, германскиот фудбалски стартег кој нема ангажман откако го напушти кормилото на „панцирите“, започнал да посетува интензивни курсеви за шпански јазик. Ќе потсетиме дека 58-годишниот Флик успеа да ја освои тројната круна во 2020 година со Баварците но, имаше разочарувачки резултати на клупата на Германија.

Read More

Поранешниот селектор на Италија, Ариго Саки, вели дека ништо не е решено околу титулата вo фудбалска Италија иако Интер го совлада Јуве и направи 4 бодови предност во однос на „старата дама“. „Има уште отворени прашања за титулата. Интер одигра добро против Јувентус и заслужено победи“ – вели Саки. „Не треба да заборавиме дека Интер има и натпревар помалку“ – вели легендарниот тренер.

Read More

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, веројатно ќе се појави од првата минута на денешното гостување кај Брентфорд во натпревар од Премиер лигата, велат последните информации од Островот. Интернационалецот од Норвешка се повреди на мечот со Астон Вила одигран во почетокот на изминатиот декември и мораше да паузира подолг период. Првиот напаѓач на „граѓаните“ и играчот на Ливерпул, Мохамед Салах, го делат првото место на листата на стрелците во Англија. Двајцата имаат постигнато по 14 голови.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Лисандро Мартинез, нема да оди на операција но, ќе биде надвор од терените околу 6 до 8 недели, објавија медиумите во неговата татковина – Аргентина. Дефанзивецот на „црвените ѓаволи“ заработи потешка повреда на последниот меч со Вест Хем а олеснителна околност е што нема потреба да оди во болница. Доколку тоа се потврди и со дополнителните лекарски прегледи, тоа значи дека бекот ќе може да се врати на стадионите кон крајот на месец март.

Read More