Author: dino

Крилниот центар на Работнички, Стојан Ѓуроски, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека серијата од 5 победи заокружена со триумфот против МЗТ Скопје, се должи на одличната тактика и победничкиот дух во екипата од Градски парк. „ Одигравме тежок меч со МЗТ во кој заслужено победивме. Знаевме од каде доаѓа опасноста и ја неутрализиравме. Максимално ги исполнивме барањата и плановите на тренерот Самарџиев“ – вели Ѓуровски. „Сега не чека меч со Вардар кој нема да биде воопшто лесен а потоа и дербито со Еуро Никел. Се надевам дека полека растеме како тим и дека ќе го задржиме победничкиот…

Read More

Фудбалерот на Јувентус, Тимоти Веа, ја одби понудата да премине на позајмица во екипата на Евертон. Американецот во текот на летото го напушти францускиот Лил и за 11 милиони евра се пресели кај „старата дама“.  Сепак, серијата на повредите го остави надвор од конкуренција и не ја добива посакуваната минутажа. Веа за екипата од Торино одигра 19 натпревари на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.

Read More

Фудбалерот на Рома, Брајан Кристанте, вели дека доаѓањето на клупата на Даниеле Де Роси крајно позитивно се одрази на ситуацијата во клубот. „Римската волчица“ успеа да ја прекине лошата серија и да врзе две победи против Верона и Салернитана. „ Жал ми е за Мурињо но, таков е фудбалот. Тренерите секогаш ја плаќаат цената поради лошите резултати“– вели Брајан. „Де Роси донесе нови идеи и тие се навистина добри. Победите ќе ни донесат самодоверба“  – изјави фудбалерот на Рома.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Факундо Пелистри, веројатно ќе ја продолжи кариерата во екипата на Гранада откако ги дефинирал личните услови со шпанскиот клуб. Тоа значи дека 22-годишниот Пелистри кој има договор со „црвените ѓаволи“ до 2025 година, по втор пат ќе оди на позајмица бидејќи тренерот, Тен Хаг не го планира за продолжението на сезоната. Крилниот напаѓа има одиграно 24 натпревари за англискиот клуб на кои забележа само 2 асистенции

Read More

Менаџерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, најави дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти „Енфилд“ иако неговиот договор е активен до летото во 2026 година. На тоа со реакција излезе легендата на „црвените“, Марк Лоренсон, кој откри дека Германецот гради вила на Мајорка и веројатно планира да се релаксира на познатиот шпански остров. „Не знам дали треба да ви кажам но, не е голема тајна. Клоп гради вила на Мајорка. Имам куќа во близина а пред некој месец се видовме и разговаравме“ – открива поранешниот дефанзивец на англискиот состав.

Read More

Челниците на Барселона ќе се обидат да ангажираат дефанзивец бидејќи Алеандро Балде и Марко Алонсо се соочуваат со сериозни повреди и ќе паузираат подолг период, објавија дел од медиумите. Бидејќи тренерот Чави остана само со Жоао Кансело и младиот Хектор Форт на левата бековска позиција, јасно е дека ќе мора да се ангажира уште еден краен дефанзивец. Повеќе од јасно е дека Барса ќе инсистира да донесе играч на позајмица бидејќи се соочува со лоша финансиска ситуација.

Read More

Медиумите на „Чизмата“  излегоа со најава дека Антонио Конте на крајот на сезоната ќе го преземе составот на Милан. Италијанецот си замина од Тотенхем во март 2023 година и досега не успеа да пронајде нов ангажман. Доколку се остварат најавите и искусниот стратег се активира на клупата на седумкратниот европски шампион, тоа ќе значи негово враќање во татковината. Конте претходно ги водеше Интер, Јувентус, Челзи и италијанската репрезентација.

Read More

Фудбалерот, Јосип Брекало, од денеска е нов член на Хајдук откако сплитскиот состав го потврди трансферот на крилниот офанзивец. Toj доаѓа од италијанската Фиорентина и ќе биде активен на шестмесечна позајмица за 100.000 евра. Брекало треба да го замени повредениот, Марко Ливаја, кој ќе паузира подолг период.

Read More

Централниот дефанзивец на младинскиот тим на Палмеирас, Педро Фелипе наскоро ќе стане играч на Јувентус.  19-годишниот фудбалер ќе се пресели на шестмесечна позајмица.  Јувентус ќе има опција да го купи Фелипе за 2 милиони евра. Младиот дефанзивец утре ќе пристигне во Торино за да направи лекарски прегледи. Договорот на играчот со Палмеирас е активен до крајот на 2026 година.  .

Read More

Бразилскиот фудбалер во Манчестер Јунајтед, Касемиро, ги негира најавите дека кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. „Среќен сум во градот и клубот. Сакам сите заедно да се вратиме на шампионските патеки“ – нагласи играчот на „црвените ѓаволи“. Касемиро во тековнава сезона се појави на 12 среби и успеа да постигне 4 голови.  

Read More