Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, беше воодушевен од победата (1-0) против Севилја и пласманот во полуфиналето на Купот на кралот. „Имам среќа што играчите кои влегоа го направија тоа што го замислив. Натпреварот беше изедначен и ризикувавме повеќе во нападот“ – вели Симеоне. „Промените ни го дадоа резултатот што го посакуваше целиот стадион“ – изјави аргентинскиот тренер.
Author: dino
Левиот бек на Барселона, Балде, го чека долга пауза од фудбалските терени. Деталните прегледи покажале дека станува збор за сериозна повреда на десната нога. Тој ќе мора да замине на операција по што ќе паузира најмалку четири месеци. Тоа значи дека одличниот дефанзивец практично ја заврши сезоната. Барса претходно остана и без младиот Гави, кој се повреди при настап за „црвената фурија“.
Македонските ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ќе бидат дел од утрешното полу-финале меѓу селекциите на Франција и Шведска на тековниот европски шампионат во Германија. Средбата ќе биде одиграна в петок во „Ланксес Арена“ во Келн со почеток во 17:45 часот. Ќе потсетиме дека Начевски и Николов го судеа финалето на последниот Мундија во Полска и Шведска во 2023-та. Вториот утрешен меч од 20.30 меѓу домаќинот Германија и светскиот првак Данска, им е доделен на судиите од Словенија, Бојан Лах и Давид Сок.
Селекциите на Грузија и на Фарски Острови за првпат учествуваа во завршна фаза на Европското првенство. Двете земји прикажаа повеќе од пристојна игра иако не се пласираа во главната рунда. Грузијците го напуштија континенталниот собир откако ја забележаа првата историска победа. Тие го добија мечот со селекцијата на Босна и Херцеговина благодарение на чудата што ги направија голманите на грузискиот тим. Тимот на Фарски Острови ја имаше убедливо најгласната поддршка во Германија не броејќи ги домаќините. На Европското дојдоа околу 5.000 фанови од Фарски Острови или 10% од населението во земјата.
Германија в петок од 20:30 часот ќе игра против Данска пред полни трибини во Ланксес Арената. Претходно, од 17 часот и 45 минути, во првото полуфинале, Франција и Шведска ќе ги одмерат силите четврти пат по ред во таа фаза. За Германците тоа ќе биде шесто полуфинале на ЕП. Се уште има само две титули – 2004 година во Словенија и 2016 година во Полска. Данска сега ја помина Шпанија со десет учества меѓу најдобрите четири. Хрватска има девет а Шведска осум. Што се однесува до вкупниот број на полуфиналиња на големите натпреварувања, Данска се израмни со Шпанија. Двете имаат…
Шпанскиот состав досега беше единствениот што никогаш не бил елиминиран во првата групна фаза. Но, супер серијата беше прекината на Европското кое се одржува во Германија. „Црвената фурија“ за прв пат во историјата не успеа да ја мине прелиминарната рунда на Европски собир. Во текот на 15-те претходни изданија, Шпанците се квалификуваа од групата 15 пати, освојувајќи ја титулата двапати (2018, 2020). Сребро обезбедија пет пати (1996, 1998, 2006, 2016, 2022) и уште два пати освоија бронза (2004, 20 ).
Повеќе првотимци на Манчестер Јунајтед учествуваа на синоќешниот натпревар против Барнли во клупската база на „црвените ѓаволи“ во Карингтон. Натпреварот се играше зад затворени врати и беше организиран главно за играчите кои се враќаат по процес на рехабилитација – Хари Мегваер, Лук Шо, Лисандро Мартинез, Касемиро, Амад Диало и Ентони. Сите беа на теренот од 45 до 60 минути. Манчестер Јунајтед в недела го чека натпревар од четвртото коло на ФА Купот против Њупорт Каунти.
Левото крило на хрватската репрезентација, Марин Јелиниќ, се осврна на вчерашната победа против Германија која на „коцкестите“ им го донесе 11-то место на ЕХФ ЕУРО 2024 во Германија. „Бодовите немаа значење за двете селекции. Ние се договривме да одиграме на победа и тоа го направивме. Сега останува да жалиме за двата меча со Унгарија и со Исланд кога ја загубивме шансата да одиме во полу-финале“ – вели Јелиниќ. „Мораме да го заборивиме европското првенство и да се насочиме кон олимписките квалификации. Се надевам дека ќе подготвиме подобро и дека ќе успееме да одиме на Олимписките игри во Париз“ – вели…
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез, ги повика фудбалерите да останат сконцентрирани пред денешниот четвртфинален дуел со Атлетик Билбао во Купот на Шпанија. Баскијците се во одлична форма и заостануваат само три бода зад Барселона на табелата во Ла Лига откако победија на шест од последните седум натпревари „Мечот е многу значаен и мораме да бидеме целосно фокусирани. Атлетик е агресивен тим и ќе не притисне. Имаат одличен тренер и играчи кои се во одлична форма. Тоа се Нико Вилијамс, Сансет и Де Галарета“ – вели Чави.
Ферари минатата година го претстави новиот болид – „SF-23“ со спектакуларен настан на патеката Фиорано пред голем број на фанови. Годинава пак, претставување на „Ferrari 676“ ќе биде многу поскромно. Сега премиерата ќе се емитува на веб-страницата на Ферари без присуство на публика а дури се шпекулира дека на 15 февруари ќе видиме претходна верзија на болидот тестирана во така наречен тунел-симулатор. Се очекува дури на 21 февруари на патеката во Бахреин да се појави вистинскиот болид со кој тимот ќе ја започне сезоната. Тогаш се закажани пробните возења.
