Шпанскиот состав досега беше единствениот што никогаш не бил елиминиран во првата групна фаза. Но, супер серијата беше прекината на Европското кое се одржува во Германија.
„Црвената фурија“ за прв пат во историјата не успеа да ја мине прелиминарната рунда на Европски собир. Во текот на 15-те претходни изданија, Шпанците се квалификуваа од групата 15 пати, освојувајќи ја титулата двапати (2018, 2020).
Сребро обезбедија пет пати (1996, 1998, 2006, 2016, 2022) и уште два пати освоија бронза (2004, 20 ).