Германија в петок од 20:30 часот ќе игра против Данска пред полни трибини во Ланксес Арената. Претходно, од 17 часот и 45 минути, во првото полуфинале, Франција и Шведска ќе ги одмерат силите четврти пат по ред во таа фаза.
За Германците тоа ќе биде шесто полуфинале на ЕП. Се уште има само две титули – 2004 година во Словенија и 2016 година во Полска. Данска сега ја помина Шпанија со десет учества меѓу најдобрите четири. Хрватска има девет а Шведска осум.
Што се однесува до вкупниот број на полуфиналиња на големите натпреварувања, Данска се израмни со Шпанија. Двете имаат по 19. Франција е убедливо прва со 24.

