Author: dino

Њукасл објави дека фудбалерот,  Желинтон, имал операција  на препоните. Бразилецот се повреди на натпреварот од ФА Купот против Сандерленд одигран на 6 јануари. Хируршката интервенција беше успешна и фудбалерот ќе започне со процесот на опоравување. Се очекува тој да биде подготвен за настап во почетокот на мај. Одличниот играч за врска пристигна во Њукасл во  2019 година. Тој има 23 настапи со 3 гола и исто толку асистенции. Договорот на Бразилецот со клубот од „Сент Џејмс Парк“ е до 2025 година.

Read More

Дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Лук Шо и Хари Мегваер, ги продолжија тренинзите со тимот. Мегваер нема играно од 12 декември кога заработи повреда против Баерн Минхен во ЛШ. Шо пак, се повреди на средбата со Вест Хем пред Божиќ. „Црвените ѓаволи“ денеска ги продолжија тренинзите по кратката пауза. Тимот се подготвува за натпреварот од четвртото коло на ФА Купот против Њупорт Каунти в недела. Ентони Марсијал, Тајрел Маласија, Виктор Линделоф и Мејсон Маунт остануваат на списокот на повредени.

Read More

Репрезентативецот на Данска,  Ханс Линдберг, верува дека неговата селекција ќе влезе во големото финале на Европското првенство во Германија. Скандинавците го обезбедија првото место во групата и сега го чекаат противникот за полу-финалето. „ Дефинитивно сме подготвени за полуфинале. Нашата одбрана во континуитет делува сигурно“ – истакна Линдберг и се осврна на голманската позиција на која се Емил Нилсен и Никлас Ландин. „Без разлика дали е Ландин или Нилсен, кој и да застане на линија, одлично е што секогаш можеме да се потпреме на нив“ – потенцираше Линдберг.

Read More

Капитенот на Германија, Јоханес Гола, пред денешниот меч со Хрватска вели дека има позитивна атмосфера во репрезентацијата. „Добрата игра брзо може да стане безвредна ако не дојдеме на нашето ниво против Хрватска. Имаме одлична можност и голема шанса да стигнеме до полуфиналето“ – вели Гола. „Не не интересира ништо друго. Ако сакаме да постигнеме нешто, можеме да го направиме само заедно. Можете да видите колку емоции излегуваат од нас. Тоа не функционира без поддршка од гледачите”  – рече Гола.

Read More

Артим Коста и по седум натпревари на Европското првенство во ракомет останува на врвот на листата на стрелците. Португалецот е лидер пред Холанѓанецот, Рутгер тен Велде, кој ги помина Матијас Гидсел, Јури Нор и Алекс Влах на второто место. Сепак,  Коста и Велде ги завршија настапите што значи дека Данецот, Нор и играчот на Словенија ќе продолжат во трката за најдобар стрелец. На врвот е  Коста со 54 голови, Велде има 45, Гидсел 42 а Нор и Влах по 40-ет погодоци.

Read More

Баерн Минхен упати нова понуда до англискиот Њукасл за трансфер на фудбалерот, Киеран Трипие. Тоа значи дека преговорите продолжуваат а германската страна чека одговор од англичаните. Претходно беше објавено дека 33-годишниот фудбалер ги договорил личните услови со тимот од Минхен. Дефанзивецот во сезонава одигра 28 натпревари во сите турнир на кои направи осум асистенции. Неговата трансферна вредност се проценува на околу 11 милиони евра.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Келвин Филипс, ќе игра како позајмен во Вест Хем со опција за купување на неговиот договор. Според изворот, „чеканите“ ќе можат да го купат 28-годишниот играч на крајот на сезоната за 40 милиони евра. Филипс се пресели во Манчестер Сити во летото 2022 година од Лидс за 49 милиони евра. Тој во сезонава настапи за „граѓаните“ на само 10 натпревари во сите конкуренции и постигна еден гол. 

Read More

За прв пат на Европското првенство е пробиена границата од осум милиони гледачи покрај малите екрани. Вчера на „ZDF“ некаде 8 милиони и 451 илјади луѓе ја видоа победа на Германија против Унгарија. Според истражувањето на „AGF“, тоа донело приход од 29,3 проценти. Телевизиските преноси од натпреварите со учество на Германија на Европското ракометно првенство досега постигнаа врвна гледаност. 7,60 милиони имаше на стартот во Дизелдорф, 7,39 милиони го гледаа натпреварот против Франција не земајќи ги предвид корисниците на различни платформи.

Read More

За последниот натпреварувачки ден од главната фаза по групи на Европското во ракомет билетите од втора категорија се распродадени што значи дека останаа само од прва и тоа по цена од 181,50 евра.  Цените на влезниците за полуфиналните мечеви започнуваат од 247,50 евра а за финалните од 347,50 евра. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат в петок на 26-ти во 17:45 и 20:30 часот во Келн. Средбите за медали ќе се одиграат в недела на 28 јануари. Во 15 часот ќе започне мечот за бронза додека во 17:45 часот ќе биде големото финале.

Read More

Поранешниот шеф на екипата на Хаас во Формула 1, Гинтер Штајнер, верува дека набрзо ќе биде прекината доминацијата на Макс Верстапен и Ред Бул. „Мислам дека некој од другите тимови ќе го стигне Ред Бул, оваа или следната година. Погледнете што направи Мекларен во 2023 година кој многу брзо отиде напред“ – вели Штајнер. „Јасно е дека Макс доминираше минатата година. Тој го вози најдобриот болид и мислам дека е најдобриот возач во моментов“ – вели Штајнер.

Read More