Вечер на ЕП во ракомет на програмата е големото скандинавско дерби меѓу Данска и Шведска. Во пресрет на дуелот, еден од најискусните во составот на Данска, голманот Ландин вели дека со нетрпение го очекува дуелот со еден од најлутите ривали на Данците. „Ќе биде голема пресметка. По овој меч мислам дека ќе добиеме многу одговори. Ваквите натпревари едноставно ги очекувате како играч, треперите за нив. Ние ги знаеме многу добро Швеѓаните а тие не знаат нас. Повторно ќе биде тактичка битка од страна на тренерите“ – вели Ландин.
Author: dino
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, вели дека нема никакви забелешки за играчите по вчерашната елиминација од Атлетико Мадрид во Купот на Шпанија. „Не можам да кажам ништо за фудбалерите. Не ги коментирам индивидуалните грешки. Мислам дека не требаше да загубиме“ – вели Италијанецот. „Имавме одредена контрола на мечот. Не требаше да им дозволиме лесни напади. Сега треба да размислуваме за наредните мечеви“ – потенцираше Анчелоти.
Португалецот, Жозе Мурињо, кој деновиве доби отказ од кормилото на Рома, веројатно ќе замине на друг континент во Саудиска Арабија, најавија денеска дел од медиумите. Наводно, „специјалниот“ ќе седне на клупата на тимот на Ал-Шабаб откако постигнал усмен договор со раководството. Фудбалскиот стратег неколку пати потенцираше дека одбивал неверојатни понуди од Саудиска Арабија за да остане во Рим но, сега работите се променија.
Стефан Борсон кој беше дел од раководните гарнитури задолжени за финансии во Манчестер Сити, тврди, дека „граѓаните“ ќе бидат исфрлени од Лигата ако независната комисија ги потврди обвиненијата за прекршување на финансискиот фер-плеј. „Сугестиите се дека клубот правел измама десет години наназад односно пријавените спонзорски договори од 50-60 милиони фунти во реалноста тежеле најмногу 8 милиони фунти“ – вели Борсон. Претходно ФА најави дека уште неколку екипи од Премиер-лигата се соочуваат со ригорозни казни поради непочитување на финасиските правила.
Три италијански клубови, Јувентус, Интер и Рома, се заинтересирани за напаѓачот на Џенова, Алберт Гудмундсон. 26-годишниот фудбалер е водечки стрелец во тимот со 10 гола на 20 натпревари во сите конкуренции. Тој пристигна во клубот пред две години кога Џенова му плати 1,2 милиони евра на АЗ Алкмар. Исланѓанецот досега има 70 натпревари со 25 гола и 8 асистенции за тимот. Јуве, Интер и Рома ќе мора да почекаат до летниот преоден рок кога ќе ги достават своите понуди за напаѓачот.
Скот Мектоминеј го пофали тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг и покрај тоа што Холанѓанецот е подготвен да се раздели со него во текот на летото. „Менаџерот бара многу од играчите.Тој има многу високи стандарди кои ги поставува на целиот тим што мислам дека е фантастично“ – изјави Мектоминeј. „Тој е неверојатен тренер со големо тактичко знаење. Некои од работите што ги кажува се брилијантни“ – додаде Шкотланѓанецот.
Њукасл нема да успее во намерата да го обезбеди играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих иако Англичаните испратиле понуда до Баварците, тврди – „Билд“. Кимих сака да продолжи да се бори за трофеи а Њукасл не е меѓу неговите желби. 28-годишниот фудбалер има договор со Баерн до 2025 година. Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул и Манчестер Јунајтед, исто така ја следат ситуацијата и ќе се обидат да го ангажираат.
Фудбалскиот состав Рома соопшти дека Жозе Мурињо и неговите технички соработници ќе си заминат од клубот. Португалецот кој се активираше на клупата на „римската волчица“ во мај 2021-ва година, успеа да ја обезбеди историска титула во Конференциската лига како и да стигне до финалето во Лигата на Европа во 2023-та. – Му благодариме на Жозе во името на сите во Рома, за страста за посветеноста и за се што донесе од неговото пристигнување тука. Секогаш ќе имаме само одлични спомени од неговото раководење“ – стои во објавата на Рома.
Кошаркарот, Виктор Венбајама, ќе настапи на – „Skills Challenge“ на Ол-Стар викендот во НБА кој ќе се одржи во Индијанаполис од 16 до 18 февруари. Првиот пик на драфтот во 2023 година, има одличен старт на сезоната во дресот на Сан Антионио Спарс. 224 сантиметри високиот центар досега забележа просек од 19 поени, 10 скокови и 3 асистенции.
Дефанзивецот на Торино, Алесандро Бонџорно, доби понуда да се пресели во редовите на Милан но, челниците на „биковите“ ја одбиле. Тие бараат најмалку 40 милиони евра додека „росонерите“ сакаат да ја намалат сумата и во договорот да го вклучат и еден фудбалер. 24-годишниот Италијанец во сезонава има одиграно 19 средби на кои постигна 3 гола и имаше една асистенција.
