Премиер лигата објави соопштение во кое се вели дека Евертон и Нотингем Форест се казнети поради прекршување на регулативите за финансиски фер-плеј. Двата клуба се упатени до независна комисија за наводно прекршување на правилата за профит и одржливост за сезоната 2022/2023. Правилата дозволуваат загуба од од најмногу 105 милиони фунти во период од три сезони.
Author: dino
Англискиот фудбалски состав, Манчестер Сити, ќе се обиде да дојде до потписот на членот на Наполи, Квича Кварацелија, велат денешните информации од Англија. 22-годишниот Грузиец во текот на 2023-та бил ревносно следен од скаутите на „граѓаните“. Тој во сезонава одигра 26 натпревари во сите конкуренции со ефект од пет голови и исто толку асистенции. Трансферната вредност на Кварацелија се проценува од 80 до 100 милиони евра.
Тенисерот, Александар Зверев, ќе се појави пред судот во Берлин на 31 мај. 26-годишниот Германец е обвинет дека физички ја нападнал мајката на неговото дете во Берлин во мај 2020 година. Окружниот суд минатата година го казни со 450.000 евра, но откако олимпискиот шампион се жалеше, случајот отиде на суд. Судскиот процес би можел да се одржи во текот на летото кога во краток период се играат двата Грен Слем турнири во Франција и Англија.
Наградата за најдобар фудбалер за 2023 година во изборот на ФИФА заврши во рацете на Лионел Меси (Интер Мајами). Аргентинската ѕвезда во изборот ги победи Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ). Меси не беше во салата и немаше претставник а немаше снимено ниту видео обраќање. Изборот е малку чуден ако се земе в предвид дека се бодуваат само постигнувањата од 19 декември 2022 до 20 август 2023 година што значи дека Светското првенство во Катар на кое Меси го подигна пехарот, немаше вредност во гласањето.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер за 2023 во изборот на ФИФА. Шпанецот освои тројна круна – Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и триумфираше во ФА Купот. Годинава се додели и наградата за најдобар тренер во женскиот фудбал која ја доби селекторката на Англија, Сабина Вигмен. Пет фудбалери на Сити се ставени во идеалниот тим на ФИФА. Тоа се Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Диас, Бернардо Силва, Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд. Oд Реал Мадрид: Тибо Куртоа, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор а место има и за Килијан Мбапе (ПСЖ) и Лионел Меси (Интер…
Фудбалерите на Јувентус утре ќе се сретнат Сасуоло во новата рунда во Серија „А“. Нивниот тренер, Масимилијано Алегри, повикува на претпазливост иако „старата дама“ е фаворит на хартија. „Минатиот пат немавме добра вечер против Сасуоло. Тоа е тим со одлични технички квалитети на поединечни играчи“ – вели Алегри. „Не треба да се опседнуваме со идејата да ја освоиме титулата. Помина првата полусезона, сега да видиме колку бодови ќе освоиме во вториот дел“ – потенцираше тренерот на Јувентус.
Медиумите во Англија објавија дека повредата на бутот на ногата на фудбалерот на Челзи, Кристофер Нкунку, не е толку сериозна иако првичните проценки го најавија спротивното. Според информациите, напаѓачот ќе продолжи со тренинзите и веројатно ќе биде достапен за реваншот од полу-финалето на Карабао купот против Мидлсборо на 23 јануари. Нкунку ги пропушти првите четири месеци од сезоната поради повреда на коленото и досега има само еден настап во Премиер лигата.
Фудбалерот, Тимо Вернер, кој дебитираше за Тотенхем на мечот со Манчестер Јунајтед, вели дека не е задоволен со нерешениот резултат. „Имавме голема желба да победиме. Тешко е да се игра на „Олд Трафорд“. Јас сум задоволен од мојот настап“ – вели Германецот кој во текот на зимава дојде како позајмен од екипата на РБ Лајпциг. „Можам многу да му дадам на тимот со асистенции. Сакам да создавам шанси за другите. Не морам јас да постигнам гол“ – објасни напаѓачот кој направи една асистенција на мечот со „црвените ѓаволи“.
Новинарот, Фабрицио Романо, во последната објава се насочи кон голманот, Давид де Геа, кој по заминувањето од Манчестер Јунајтед сеуште нема обезбедено нов клуб. „Тој се уште не донел одлука. Засега не брза да најде нов тим и претпочита да поминува време со семејството. Ништо не се промени од октомври кога не беше импресиониран од понудите што ги доби во последните недели од преодниот рок“ – изјави Романо. Во меѓу време, се појавија одредени шпекулации дека Шпанецот е интересен за клубови од Саудиска Арабија и од Англија.
Наполи ќе биде без двајца значајни фудбалери во наредниот период. Тоа се Пјотр Зиелински и Јенс Кајусте. Полјакот поради проблем со мускулот во последен миг отпадна за вчерашниот меч со Салернитана . Тој во наредните денови ќе оди на дополнителните тестови. Кајусте беше во составот но, мораше да го напушти теренот во 77. минута поради повреда на ногата. Во болницата на Наполи од претходно се и Нејтан, Алекс Мерет и Матиас Оливеира додека Виктор Осимен и Андре Франк Замбо-Ангиса се со нивните репрезентации на Африканскиот куп на нации.
