Ракометарот на Србија, Урош Борзаш, вели дека со нетрпение го очекува првиот меч на Европското првенство во Германија. „ Мислам дека сите дојдовме подготвени и дека можеме да одиграме максмимално мотивирано против Исланд.Нивниот најголем квалитет е играта еден на еден во напад и пред се фантастично брзите контри“ – вели Борзаш. „Ние ќе дадеме се за нашата земја, за грбот, за дресот и очекуваме да имаме поддршка од навивачите. Значајно е да го победиме Исланд а потоа да ги реализираме нашите планови“ – потенцираше Борзаш за „Balkan Handball“.
Author: dino
Репрезентацијата на Црна Гора стартува на Европското првенство против Унгарија (петок, 20.30 часот). Тоа е прво големо црногорско натпреварување со Владо Шола на клупата. Хрватскиот стручњак им ја препушта улогата на фаворит на другите иако се добива впечаток дека групата е изедначена. „На хартија секогаш има рејтинг, некои се фаворити некои не се. Сега не сакаме да размислуваме за некаков успех. Треба да мислиме за секој меч посебно“ – вели Шола.
Играчот за врска на Тотенхем, Ерик Даер кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен, пренесуваат германските медиуми. Баварците со тоа ја исполнија целта да обезбедат засилување за средниот ред. Даер го облече дресот на „спарси“ во 2014 година и до претходната сезона беше речиси незаменлив на неговата позиција. Одличниот фудбалер денеска во Минхен треба да ги заврши сите формалности и да потпише со германскиот гигант.
Лазар Самарџиќ, кој настапува во Удинезе, беше пред промоција во Неапол, меѓутоа сега Јувентус изби во прв план за неговиот потпис. Србинот кој е роден во Германија и има двојно државјанство, во летниот преоден рок беше поврзуван со Интер.Покрај Јувентус и Наполи, за Самарџиќ е заинтересиран и составот на Брајтон.
Арсенал е заинтересиран да го донесе првиот напаѓач на Њукасл, Александар Исак. „Топчиите“ сакаат да ангажираат неколку фудбалери а најновото име кое се поврзува со трансфер на „Емирати“ е токму Исак. Според медиумите, Арсенал е подготвен да понуди 70 милиони евра иако Њукасл бара 90.
Фудбалерот, Џејдон Санчо по 2,5 годишен престој во Манчестер Јунајтед, се врати во Борусија Дортмунд. Англичанецот кој беше купен за 85 милиони не се наметна на „Олд Трафорд“ а во последниве месеци беше суспендиран од страна на менаџерот, Тен Хаг. Санчо во последните 3-4 месеци нема одиграно натпревар.
Македонија и Франција денеска од 18.00 часот ќе го отворат Европското првенство во ракомет. Мечот ќе биде одигран на фудбалскиот стадион – „Меркур-Шпила арена“ во Дизелдорф кој е адаптиран за ракомет и собира преку 50.000 гледачи. Тоа значи дека ќе биде поставен рекорд кога станува збор за посетеност на еден ракометен меч. Во вториот дуел во нашата група – „А“, домаќинот Германија од 20.45 часот ќе излезе на мегдан со Швајцарија. Избраниците на Кире Лазаров по мечот со „триколорите“ ќе се преселат во Берлин. Таму на 14 јануари ќе играме со „панцирите“ а два дена подоцна и со селекцијата на…
Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, вели дека селекцијата може многу да добие со самиот настап на ЕП во Германија.„Франција за мене е фаворит за медал, отвораме со нив на голем стадион. Мотивирани сме, играме пред бројка на публика пред каква што не сме играле. Oчекуваме поддршка од нашите навивачи“ – вели Кузмановски.Натпреварот меѓу Македонија и Франција ќе започне од 18:00 часот. Во досегашните 4 средби меѓу двете земји, „галските петли“ имаат максимален ефект.
Левото крило на Германија, Лукас Мертенс, во изјавата за ЕХФ вели дека е посебно импресиониран од изгледот на МЕРКУР Шпил-Арена. „Навистина сум возбуден што сум тука иако изгледа како нормална арена кога сте на теренот. Секако, да се биде дел од ваков настан е огромно и за мене и за нас, како тим“ – вели Мертенс кој очекува голема помош од навивачите. „Секако дека е подобро да играте пред 50.000 ваши фанови отколку пред 50.000 луѓе кои сакаат да изгубите. Сите знаеме дека навивачите можат да не направат 10 или 15 проценти посилни. Тоа е голем настан за ракометот и…
Десниот бек на репрезентацијата на Франција, Валентин Порте, признава дека не ја познава нашата селекција. „Не сме играле против нив долго време, но тие се нов тим, со многу нови играчи, не знаеме многу за начинот на кој играат. Имаме големо искуство и подготвени сме за овој тест“ – вели Порте кој е импресиониран од теренот. „Импресивно е за фудбал, па замислете како е за ракометот. Нашиот тим е гладен и сака да освои многу медали. Поминаа 10 години откако победивме на ова натпреварување, што е долго време за Франција“ – потенцираше играчот на „триколорите“.
