Левото крило на Германија, Лукас Мертенс, во изјавата за ЕХФ вели дека е посебно импресиониран од изгледот на МЕРКУР Шпил-Арена.
„Навистина сум возбуден што сум тука иако изгледа како нормална арена кога сте на теренот. Секако, да се биде дел од ваков настан е огромно и за мене и за нас, како тим“ – вели Мертенс кој очекува голема помош од навивачите.
„Секако дека е подобро да играте пред 50.000 ваши фанови отколку пред 50.000 луѓе кои сакаат да изгубите. Сите знаеме дека навивачите можат да не направат 10 или 15 проценти посилни. Тоа е голем настан за ракометот и можеме само да бидеме среќни што сме дел од него“ – вели Мертенс пред денешниот меч со Швајцарија.

