Author: dino

Две од големите ѕвезди во Формула 1 – Фернандо Алонсо и Серхио Перез се очекува да бидат тие кои ќе го активираат трансфер пазарот во светскиот шампионат. На крајот на 2024 година истекуваат договорите на 15 возачи во Формула 1 и се очекуваат сериозни промени за 2025-та. Перез има договор со Ред Бул до крајот на наредната сезона а Кристијан Хорнер потврди дека истиот ќе биде испочитуван. Двократниот светски шампион Алонсо има договор до крајот на 2024 година и Астон Мартин мора да најде начин да го убеди дека нивниот проект ќе продолжи да се развива.

Read More

„Трансфермаркт“  го објави рејтингот на најскапите фудбалери од постсоветските земји.На врвот е крилото на Наполи, Хвича Кварацелија, кој е проценет на 80 милиони евра. Веднаш до него е дефанзивецот на Арсенал, Александар Зинченко, чија пазарна вредност се движи околу 42 милиони евра. На третото место на листата е украинскиот крилен играч на Челзи, Михаил Мудрик, кој на трансфер пазарот вреди 40 милиони евра.

Read More

Словенечкиот кошаркар, Горан Драгич, објави крај на натпреварувачката кариера, пренесува SiOL.net. Тој беше избран на драфтот во НБА во 2008 година од Сан Антонио Спарс, играше шест години во Феникс а сезоната 2011/2012 ја помина во Хјустон. Имаше шест години и со Мајами. Драгиќ во последните години од кариерата беше дел од екипите на Торонто, Бруклин, Чикаго и Милвоки. Учествуваше на Ол-стар натпреварот во 2018 година. Тој беше капитен на Словенија за време на триумфот на Евробаскет 2017 година. Горан Драгич со 90 мечеви е рекордер во репрезентацијата.

Read More

Претседателот на унијата на професионални фудбалери во Англија и Велс (ПФА), Махета Моланго, изјави дека се подготвени да побараат правна заштита поради зголемување на бројот на натпревари. „Играчите се свесни дека се предобро платени но, телото има граници кои постојано се преминуваат“ – изјави Моланго. Реакцијата доаѓа по одлуката на ФИФА да воведе нов формат на Светското клупско првенство од 2025 година на кое ќе играат дури 32 екипи.

Read More

Фредерико Димарко го продолжи договорот со Интер до 2027 година, потврди во текот на денов италијанскиот фудбалски состав. – Интер соопштува дека постигна договор за продолжување на соработката со играчот Федерико Димарко до 30 јуни 2027 година“, стои во соопштението на италијанскиот клуб. 26-годишниот дефанзивец е речиси незаменлив на левата бековска позиција кај „нероаѕурите“.

Read More

Мечот од турскиот Супер-куп меѓу Фенербахче и Галатасарај во Ријад во Саудиска Арабија беше одложен на 75 минути минути пред почетокот додека илјадници фанови чекаа пред стадионот „Ал Авал“. Турската фудбалска федерација и двата клуба кажаа дека имало проблеми во организацијата откако властите забранија да се внесуваат транспаренти кои се однесуваат на основачот на модерната турска држава, Мустафа Кемал Ататурк. Toj  беше првиот претседател на модерната Турција од 1923 до смртта во 1938 кога земјата доживеа целосна економска и социјална трансформација

Read More

Фудбалскиот состав Вардар потврди дека Горазд Михајлов во продолжението од сезоната ќе биде нов тренер на „црвено-црните“. „ФК Вардар ја известува јавноста дека Горазд Михајлов од денеска е нов шеф на стручниот штаб на тимот. Му посакуваме среќа и успешна соработка со најтрофејниот клуб во Македонија. Добредојде  во црвено црното семејство“ – стои во соопштението на клубот. Вардар до крајот на сезоната ќе има приоритетна цел да опстане во прволигашкото друштво.

Read More

Претседателот на шпанската Барселона, Жоан Лапорта,  им се обрати на навивачите на Каталонците в пресрет на 2024 година во која ќе се прослави 125-годишнината од основањето на клубот. „Без разлика од каде доаѓаме, сите ние го зајакнуваме и развиваме семејството. Сакаме да ги шириме нашите вредности, понизност, тимска работа и почит низ целиот свет“ – рече Лапорта. Барса по 18 кола се наоѓа на третото место на табелата во Примера Дивизион. Пред неа се Реал Мадрид и Џирона.

Read More

Интернет порталот Трансфермаркт ја претстави листата на 10-те најскапи голмани во светот врз основа на ажурирањата на трансфер вредноста на играчите. Топ 10 најскапи голмани во светот: 1. Диого Коста (Порто, 45 милиони евра)2. Мик Маињан (Милан, 45 милиони) 3. Џанлуиџи Донарума (ПСЖ, 40 милиони)4. Грегор Кобел (Борусија Д, 40 милиони)5. Андре Онана (Манчестер Јунајтед, 40 милиони)6. Едерсон (Манчестер Сити, 40 милиони)7. Давид Раја (Арсенал, 35 милиони)8. Јан Облак (Атлетико М, 35 милиони )9. Марк-Андре тер Штеген (Барселона, 35 милиони )10. Тибо Куртоа (Реал, 35 милиони) Најголем пораст на пазарната вредност има голманот на Борусија Дортмунд, Грегор Кобел. Неговата цена…

Read More

Продажбата на дресовите на Интер Мајами што го носат името на напаѓачот, Лео Меси,  ја надмина продажбата на дресови од многу европски клубови во 2023 година. Според изворот, Аадидас по трансферот на Аргентинецот добил половина милион нарачки за маички од американскиот клуб. Тоа значи дека тие продавале побрзо од дресовите на клубови како што се Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Арсенал. Дресовите на Интер Мајами се толку популарни што тимот на Дејвид Бекам добил специјална дозвола за издавање на трет дрес.

Read More