Две од големите ѕвезди во Формула 1 – Фернандо Алонсо и Серхио Перез се очекува да бидат тие кои ќе го активираат трансфер пазарот во светскиот шампионат.
На крајот на 2024 година истекуваат договорите на 15 возачи во Формула 1 и се очекуваат сериозни промени за 2025-та.
Перез има договор со Ред Бул до крајот на наредната сезона а Кристијан Хорнер потврди дека истиот ќе биде испочитуван.
Двократниот светски шампион Алонсо има договор до крајот на 2024 година и Астон Мартин мора да најде начин да го убеди дека нивниот проект ќе продолжи да се развива.