Author: dino

NBA

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, имаше отворен разговор со соиграчот, Мајкл Портер Џуниор, во кој порача дека не ја сака славата и дека има желба да води мирен живот откако ќе заврши НБА приказнате. „Медиумите се околу нас и ние сме платени за сето тоа, популарност, да бидеме славни. Кога ќе ја завршам кариерата, би сакал никој да не ме познава. Би сакал моите деца да ме паметат како татко а не како кошаркар„ – вели Јокиќ. „Немањето телефон е исто така моја цел. Да бидам нормален човек, да пијам со другари, да си играм со децата, да јавам…

Read More

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, го посочи моментот кога Пеп Гвардиола побарал од него да игра на крилната позиција на „Емирати“ и да има дуели во одбраната со Сака. „Не беше лесно и беше натпревар на голем притисок бидејќи бевме зад нив и ако загубeвме или ремизиравме, ќе бевме надвор од борбата за пехарот во Премиер лигата“ –вели Силва. „Тоа што морав да го одиграм тој меч против еден од најдобрите крилни играчи во лигата беше моментот што ќе го паметам засекогаш во мојата кариера“ – изјави португалскиот интернационалец.

Read More

Легендарниот , судија Марк Клатенбург, објасни дека недоволниот број на докази направил да се признае водечкиот гол на Вест Хем на вчерашниот меч со Арсенал. Тој потенцира дека судијата Мајкл Оливер и луѓето од ВАР собата немале реален агол да проценат дали топката излегла надвор од теренот кога Боуен го проигра стрелецот Соучек. „Од аглите кои јас ги видов, не можеше да се донесе сигурен заклучок но, дури ми изгледа дека топката е на линија. Кога нема јасен доказ, не може да се менува одлуката на главниот судија“ – објасни Клатенбург.

Read More

Македонската кошаркарска федерација вечерва на посебна свеченост ги награди најдобрите за 2023 година. Кај сениорите признанието го добија Војдан Стојановски од МЗТ Скопје и Елена Тасевска (Баскет Кам 2011). Еве ги сите добитници во 19 категории. НАЈДОБРА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА: Баскет Кам 2011НАЈДОБРА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА : Работнички – Скопје НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ЖЕНСКА МЛАДИНСКА ЕКИПА :Јордан Цветановски Кам баскет 2011 НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА МАШКА МЛАДИНСКА ЕКИПА: Нермин Пепиќ Работнички – Скопје НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА: Ања Начевска (Вардар) НАЈДОБAР МЛАД КОШАРКАР: Никоја Јаничиќ (Водно Санс) НАЈДОБАР СУДИЈА : Игор Митровски НАЈДОБРА ЖЕНСКА ЕКИПА ВО СЕНИОРСКИ ЛИГИ : Баскет Кам 2011…

Read More

Искусниот италијански фудбалер, Леонардо Бонучи, е подготвен да го раскине договорот со германскиот Унион Берлин и да се пресели во Рома, објавија денеска повеќе италијански медиуми. Мурињо претходно изјави дека сака да купи барем еден стопер но, прашање е како ќе реагираат фановите од Рим ако се знае дека Бонучи играше за нивните големи ривали.   36-годишниот фудбалер сака да остане најмалку годинa и половина во новиот состав иако Рома го планира само за една сезона.

Read More

Познатиот италијански фудбалски тренер, Фабио Капело, вели дека отказ за Пиоли нема да донесе ништо ново во редовите на Милан. „Нема поента да се менува тренерот иако Пиоли мора да најде решение за слабата игра во средниот ред. Не треба да заборавиме дека Пиоли се соочува и со многу повредени фудбалери“ – изјави Капело. Милан е трет во Серија А со 33 бодови, односно седум помалку од Јувентус и 11 од лидерот Интер.

Read More

Раководството на Челзи е подготвено да се раздели со неколку првотимци за да обезбеди средства за евентуални нови засилувања во јануарскиот преоден рок. Клубот потроши 1 милијарда фунти на 30 нови фудбалери откако Тод Боли го купи Челзи во мај 2022 година. Според Ди Атлетик, клубот првично сака да се ослободи од Конор Галагер, Рис Џејмс, Бен Чилвел а на списокот може да се најдат и Чалоба, Армандо, Матсен и Сар.

Read More

Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино не крие дека е загрижен за младиот фудбалер, Ромео Лавија, кој се повреди на мечот со Кристал Палас одигран во рамките на Премиер лигата. „Лавија претходно имаше големи проблеми но, ајде да се надеваме дека сега не станува збор за ништо сериозно“ – потенцираше Аргентинецот. „Сините“ во изминатото лето за потписот на Лавија платија големи 60 милиони фунти.

Read More

Управниот одбор на МОК ја одржа редовната седница на која претседателот Даниел Димевски поднесе финансиски извештај за 2023 година како и предлог-буџет за 2024. Активностите на МОК во 2023 ги предводи добиенате организација на Европски младински олимписки игри Скопје 2025 како и учеството на Европските игри Краков 2023 и освоениот сребрен медал во Таеквондо на Дејан Георгиевски. Обезбедена е спортска опрема за Олимпијците – учесници на Игрите во Париз 2024 а потпишан е договор за партнерство со шпанскиот производител на спортска опрема-  ЈОМА. На седницата на УО беа поднесени извештаи за ОИ Париз 2024, Европските младински игри Скопје 2025, зимските…

Read More

24-кратниот победник на Грен слем собирите и лидер на ранг-листата на Здружението на тениски професионалци (АТП), српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, го искажа  мислењето за вториот рекет на светот, 20-годишниот Шпанец, Карлос Алкараз. „Тој ќе биде еден од најголемите лидери во тенисот во наредните 10-15 години. Дефинитивно ќе продолжиме да гледаме многу работи од него на големите турнири“ – вели Ѓоковиќ. „Надал не играше во 2023 година, Федерер се пензионираше. Нашата генерација си заминува а тоа што се појавува во Алкараз е одлично“ – изјави Ѓоковиќ.

Read More