Author: dino

Чади Ријад кој во текот на летото ја напушти Барселона и замина во Бетис, по само една сезона ќе се врати на „Камп Ноу“. Мароканскиот фудбалер игра на позицијa стопер и извонредно се покажа во Андалузија во првиот дел од сезоната. Затоа Чави и директорите на Барса ќе ја вклучат клаузулата вредна 7 милиони евра со која Ријад ќе се врати кај Каталонците. 20-годишниот фудбалер кој беше купен од Мајорка помина три сезони во Барселона но, не успеа да се наметне за првиот тим.

Read More

Луѓето од Реал Мадрид започнаа да ги подготвуваат документите за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе во почетокот на јануари во 2024 година, објави новинарот Рамон Алварез де Монт на „YouTube“. „Кралевите“ за неколку денови ќе имаат разговори со претставниците на младиот Французин и ќе се обидат да добијат потврда за евентуален трансфер. Познато е дека играчот на „светците“ во текот на летото ќе биде слободен агент.

Read More

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, 2023 година ја заврши на 326-та позиција на АТП листата што е голем скок во однос на минататa кога финишираше на 540-то место. Тој деновиве ги поминува во Дубаи и тренира со Новак Ѓоковиќ пред почетокот на новата сезона која ќе ја стартува на челинџер турнир во Португалија. Од другите македонски тенисер, Горазд Србљак заврши на 1.052 место а Обрад Марковски на 1.454 позиција.

Read More

Бојан Диков, фитнес тренер во  „ATG Macedonia“, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, посочи колку е значајно да одвоиме време за нега на нашето тело. „ Фитнес центарот АТГ Македонија располага со најсовремена опрема која им помага на сите заинтересирани да го одржуваат нивното тело без разлика на возраста. За тоа треба да имаме и редовно вежбање, исхрана и добар сон“ – вели Диков. „Нашата програма е специјализирана за спортисти, млади, деца и за повозрасни луѓе. Работиме индивидуално и групно а имаме и опција за комуникација преку социјалните мрежи“ – потенцираше Диков во разговорот што може да…

Read More

Роберто Календа кој му е агент задолжен за трансфери на Виктор Осимен, потенцира дека фудбалерот имал многу понуди но, одлучил да остане во редовите на Наполи. Црномурестиот напаѓач кој беше еден од најзаслужните за освоеното Скудето во изминатата сезoна, веројатно ќе потпише нов договор до јуни во 2026 година. „На Виктор му оди многу добро во Неапол и сака да го однесе тимот што е можно повисоко. Само што затворивме историски договор во италијанскиот фудбал“ – изјави Календа.

Read More

Легендарниот напаѓач на Англија, Алан Ширер, се осврна на катастрофалната игра и пред се реализација на Манчестер Јунајтед кој има разочарувачка сезона во Премиер лигата и пред време го заврши настапот во Лигата на шампионите. „ Навистина е засрамувачки за Јунајтед досега да има постигнато 18 голови. Тен Хаг постојано вели дека мора да се држат до планот иако не знам што значи тоа“ – вели Ширер.   Како делува нападот на „ѓаволите“ покажува и податокот дека последното засилување Расмус Хојлунд нема постигнато гол.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ , се соочува со големи проблеми во ростерот. Аврамовиќ и Трифуновиќ извесен период се надвор од терените поради повреда а сега ќе им се приклучат и Смаилагиќ и Дозер. Првиот имаше проблеми со зглобот на мечот со Задар и со помош на колегите го напушти теренот додека Дозер исто така на неколку минути пред крајот на средбата се пожали на болка. Двајцата допрва ќе одат на детални лекарски прегледи за да се утврди степенот на нивните повреди.

Read More

Рускиот тенисер, Данил Медведев, кој годинава ја заврши на третото место на АТП листата зад Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, вели дека Србинот ја има добитната формула како да остане на врвот во рангирањето.  „Единствено сигурно е дека Новак секогаш ќе биде таму. Сè друго може да се промени, можам да испаднам од првите десет но. Новак е секогаш таму“ – вели  Медведев. „Малку се одвоивме од другите во еден дел од сезоната особено на крајот гледајќи низ поени. Тоа покажува колку различна може да биде секоја година“ – рече Русинот.

Read More

Денеска на посебна свеченост Град Скопје ги прогласи најдобрите во неколку категории за годинава што изминува. Признанието во сениорска конкуренција очекувано заврши во рацете на Бобан Илиоски кој стана светски шампион во кик-бокс (лоу-кик) во категорија до  86 килограми. Најуспешен млад спортист е Силвио Мировски, од кик бокс клуб – Гладијатор. Дејан Митровски од  кик бокс клуб „Шампион“ ја доби наградата за најуспешен тренер додека признанието во конкуренција на екипи го доби – „Специјална Олимпијада“. Кај Лица со инвалидност награда му беше врачена на пливачот, Андреј Стојановски од Сојузот за спорт и рекреација на ивалиди од Кисела Вода.

Read More

Паоло Чабати, кој од 2013 година беше спортски директор на Дукати во Мото ГП и Светскиот Супербајк Шампионат (WSBK), ќе ја напушти функцијата за да стане генерален менаџер на теренски проект. На негово место ќе дојде Мауро Грасили, кој покрај спортски директор ќе биде одговорен за маркетинг и комуникации за „Ducati“ во „MotoGP“ и „WSBK“. Во првите години од проектот, Дукати главно ќе учествува на националните првенства.

Read More