Фудбалерите на Ливерпул доцна синоќа триумфираа против Вест Хем со 5:1 и го пополнија последното место во полу-финалето во Лига Купот на Англија. „Црвените“ сега ги очекува пресметка со Фулам додека Челзи ќе оди на мегдан со Мидлзборо. Првите натпревари ќе бидат одиграни на 9 јануари додека реваншите се закажани за 23-ти во истиот месец.
Author: dino
Нашиот ракометен репрезентативец, Филип Кузмановски, нагласи дека денеска стартува новата мисија и дека е чест и задоволство е да се игра за Македонија. „Ние сме одлична и млада група ракометари. Имаме квалитет за иднината, сега стартуваат подготовките. Ја знаеме групата и нејзината тежина, ама спортски е да се надеваме“ – вели Кузмановски. „Јас поминав долго време во Германија, ги познавам навивачите и знам дека ќе биде спектакл на тој фудбалски стадион. Се надевам дека и нам ќе ни дадат поддршка нашите навивачи кои сè следат на секој голем собир. Можеби некој ќе не потцени, ама ние одиме да се надигруваме “ – изјави Кузмановски.
Селекторот, Кире Лазаров, на стартот на подготовките за Европското догодина во Германија, вели дека е среќен што ќе работи со млади ракометари кои треба во иднина да донесат добри резултати. „Немавме среќа во ждрепката затоа што ги добивме Франција, Германија и Швајцарија. Ние сме млада репрезентација и јас како селектор сум задоволен што имам можност да ја тренирам репрезентацијата која во иднина ќе направи големи работи. Немаме многу време но, ќе се подготвиме добро“ – вели Лазаров. „ Од утре се селиме во Стара Пазова, каде што на 23 декември ќе ни се приклучи Талески а потоа на 25 декември…
Италијанската Аталанта не планира да го продаде рускиот играч за врска, Алексеј Миранчук во зимскиот преоден рок. Неговите добри настапи во последните натпревари го убедија клубот од Бергамо да одлучи да го задржи, пренесува – „TuttoMercatoWeb“. Според изворот, Миранчук е еден од претендентите да биде стартер во вториот дел од сезоната во Серија А. Тој во понеделникот на мечот со Салернитана за прв пат се запиша во листата на стрелците во тековнава сезона.
Интернет порталот Трансфермаркт го претстави рејтингот на фудбалерите во италијанската Серија А кои добија најголемо зголемување на трансферната вредност врз основа на времените резултати од првенството. Лидер е 22-годишниот напаѓач на Болоња, Џошуа Зиркзи. На второто место е 21-годишниот играч, Матијас Суле од Фросиноне а најдобрата тројка ја заокружува играчот на Интер, Маркус Турам. Топ 10 најскапи играчи во Италија.1. Џошуа Зиркзи (Болоња, 30 (+17) милиони евра);2. Матијас Шуле („Фросиноне“, 25 (+17) милиони евра);3. Маркус Турам (Интер, 55 евра (+15) милиони);4. Лаутаро Мартинез (Интер, 110 (+10) милиони евра);5. Бремер (Јувентус, 50 (+10) милиони евра);6. Раду Драгушин („Џенова“, 20 (+10) милиони евра);7.…
Тренерот на Челзи, Маурисио Покетино, зборуваше за враќањето на теренот на играчот од средниот ред, Кристофер Нкунку. „Зборуваме за играч кој пристигна и се повреди. Потребно е време за да започнете со настап и да влезете во топ форма. Набрзо очекуваме да го видиме најдобриот Нкунку но, нема да вршиме преголем притисок врз него. “ – вели Аргентинецот. 26-годишниот фудбалер им се приклучи на лондончани во летото и веднаш се повреди на претсезонски тест натпревар.
Голманот на Арсенал, Арон Рамсдел нема да му се приклучи на Челзи во претстојниот зимски преоден рок. Челниците на „сините “ се откажале од намерата да го купат 25-годишниот чувар на мрежата кој во сезонава одигра девет мечеви во сите конкуренции и прими девет голови. Неговиот договор е до јуни 2026 а трансферната вредност му е околу 28 милиони евра.
Генералниот секретар на нашата одбојкарска федерација, Зоран Карановиќ, во интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, вели дека е задоволен со реализираната агенда во годинава што изминува. „Организацијата на една од групите на Европското првенство беше нашиот главен фокус. Мораме да потенцираме дека ги исполнивме очекувањата и добивме пофални зборови од првите луѓе на европската одбојка“ – вели Карановиќ. „Во почетокот на новата година не чекаат нови меѓународни настани на кои ќе бидеме домаќини. Ќе се насочиме кон младите селекции иако и сениорските ќе имаат значајни натпреварувања“ – вели Карановиќ во дел од интервјуто за Спортско радио 90, 3 ФМ кое…
Шефот на Ферари, Фредерик Васер, објасни дека редовно одржува контакти со седум кратниот шампион, Луис Хамилтон, кој вози за Мерцедес.„Разговарам со Луис секоја недела или секој месец и така е цели 20 години, тука нема ништо посебно, постојано сме во контакт“ – објасни Васер. „Вистина е дека половина од возачите во Ф1 биле под мое водство. Во Баку разговаравме со Луис за неговата иднина и тоа стана голема вест но, ако направев договор со него секој пат откако разговаравме, тоа ќе ме чинеше цело богатство“ – вели шефот на Ферари.
Угледниот италијански спортски весник – „Кориере дело спорт“, објави, дека Лајпциг ќе понуди 25 милиони евра за македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас. Тоа е втор пат бундеслигашот и еден од најголемите клубови во Германија да атакува на потписот на македонскиот репрезентативец. Да потсетиме дека во изминатиот летен преоден рок се споменуваше дека Лајпицг е подготвен да понуди 30 милиони евра за фудбалерот на Наполи. Сега останува да се види што ќе кажат наполитанците за овој нов атак на Лајпциг, посебно ако се знае дека Елмас и кај новиот стратег на шампионот, Валтер Мацари, тешко ќе го добие првотимскиот статус.
