Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, доколку остане на кормилото на „црвените ѓаволи“, планира да го купи крилниот играч на Атлетик Билбао, Ник Вилијамс. 21-годишниот фудбалер во претходната сезона имаше 43 средби во сите конкуренции со ефект од девет голови и шест асистенции додека во тековнава има 15 средби на кои даде четири голови и имаше пет успешни додавања. Вилијамс за селекцијата на Шпанија има реализирано 11 мечеви и постигнато два гола.
Author: dino
Трикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, забележа рекордна сезона во 2023 година – 19 победи од 22 старта и заработи 25 милиони долари. Во времето на Себастијан Фетел и Марк Вебер, кога дојдоа првите големи успеси на тимот, тие добиваа релативно помали плати но, се бореа за најголемите бонуси во Формула 1 кои се плаќаа за победи и титули. Со доаѓањето на Макс на врвот на поредокот и освојувањето на својата прва титула, тоа се промени – платите на возачите на Ред Бул се зголемија. Претходно беше објавено дека Макс од плата и бонуси заработил вкупно 70 милиони…
Тренерот на ФК Копенхаген, Јакоб Неструп, вели дека потежок противник во осминафиналето од Лигата на шампионите не можеа да добијат. „Ова е најтешкиот од сите можни. Манчестер Сити е тим кој брилјира колективно и има одлични, индивидуално фантастични играчи. Најдобриот клуб во светот. Меѓутоа, минатата година покажавме дека можеме да постигнеме добар резултат против нив на домашен терен“ – вели Неструп.„ Се работи за искористување на можностите што ќе ги имаме. Ако успееме да најдеме начин како да ги реализираме нашите шанси, се е можно“, вели Неструп.
Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, зборуваше за иднината на главниот тренер на каталонскиот клуб Чави. Претходно почнаа шпекулации дека Шпанецот може да биде разрешен од функцијата. „Ние целосно му веруваме на Чави. Нема ништо од тие гласини“, рече Лапорта.Во моментов Барселона е на третото место во поредокот на шпанскиот шампионат со 35 бодови. Тимот заостанува девет бода зад водечката Џирона. Актуелниот договор на Чави со каталонска Барселона е до јуни 2025 година.
Раководството на Реал Мадрид ја разгледува можноста да го врати дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан. Според некои медиуми, желбата на мадридскиот клуб за Варан се засилила поради повредата на дефанзивецот Давид Алаба, кој заработи кинење на вкрстените лигаменти на левото колено. Варан беше играч на Реал Мадрид десет години во периодот од 2011 до 2021 година. Во овој период, францускиот дефанзивец одигра 360 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и седум асистенции.
Фудбалерите на Флуминенсе обезбедија место во големото финале на Светското клупско првенство под капата на ФИФА. Бразилскиот состав денеска го совлада Ал Ахли од Египет со 2-0 со головите на Ариас во 71 минута од пенал и на Кенеди во самиот финиш на мечот. Во второто полуфинале утре ќе играат европскиот шампион Манчестер Сити и екипата на Урава од Јапонија. Завршницата на светското клупско првенство се реализира на стадион – „Кинг Абдула“ во Џеда во Саудиска Арабија.
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Карем Адејеми, ќе мора да биде надвор од терените подолг период, објави вечерва германскиот состав. Офанзивниот играч за врска се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и засега не се знае колку време ќе мора да оди на рехабилитација. Оптимистичките прогнози велат дека играчот на „милионерите“ може да му се стави на располагање на тренерот, Един Терзиќ, некаде кон средината на јануари.
Фудбалскиот состав Севилја, објави, дека Кике Санчез Флорез, ќе седне на кормилото кај бранителот на пехарот во Лигата на Европа. Шпанецот кој потпиша договор до 2025 година, е дури третото име од почетокот на сезонава на стадионот – „Санчез Писхуан“. Пред него таму работеа Мендилибар и Диего Алонсо. Новиот тренер на Андалузијците претходно работеше во екипите на Валенсија, Бенфика, Атлетико Мадрид и Вотфорд. Последниот ангажман го имаше во Хетафе.
Женската кошаркарска репрезентација на Македонија ќе ја заврши годинава на 33. место во рангирањето на ФИБА за зоната на Европа и на 75-то место во светското рангирање. Од нашите противници во тековните европските-квалификации, Србија е на 4-та позиција, Украина на 18 -та а селекцијата на Португалија го има 22-то место. Шпанките се најдобри во евро-конкуренцијата пред Белгија и Франција додека во светското рангирање доминира селекцијата на САД пред Кина и Австралија.
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски- Иџе, во денешното гостување на Спортско радио 90,3 ФМ, нагласи дека добивањето на дозвола да го користи новото возило од марката – „Ферари“, претставува потврда за успешната долгогодишна и плодна работа која редовно носи трофеи. „Ретки се возачите што добиваат одобрение од Ферари да користат нивно возило, посебно за натпреварување. Затоа ќе имаме обврска да ја оправдаме довербата и да се претставиме во најдобро светло во наредниот шампион“ – вели Иџе.„Плановите и амбициите се секогаш исти. Сакаме со мојот тим да продолжиме со успешни резултати иако конкуренцијата ќе биде многу силна“ –беа дел од зборовите…
