Author: dino

Македонија учествуваше на турнирот „Карпати Куп“ заедно со репрезентациите на Романија, Полска, Украина, Русија и Литванија а првата пресметка ја имаше со домаќинот. Крилото, Стевче Алушовски на мечот со Романците постигна пет голови додека Тони Николовски имаше еден помалку. Во дресот на селецијата беа: Стевче Стефановски, Стевче Алушевски, Игор Котевски, Томче Петрески (Пелистер), Димитар Богдан, Орде Илиески, Миле Нешкоски (Т. Комбинат), Среќко Ѓоргиевски, Драган Маринковиќ, Игор Тасевски (Вардар Ватростална), Боро Чурлевски и Горан Шопов (Борец), Емил Стојановски (Металург Огномак), Зоран Петковски (Повардарие), Тони Николовски (ПТТ Македонија).  Алушовски во денешното гостување на Спортско Радио 90,3 ФМ, изјави дека е горд што…

Read More

Манчестер Јунајтед планира да го продаде фудбалерот, Мејсон Гринвуд, кој во сезонава настапува како позајмен во шпанскиот тим Гетафе. Според објавите во Англија, за младиот играч се заинтересирани : Барселона, Реал Мадрид, Баерн (Минхен), Борусија (Дортмунд) и Атлетико Мадрид.  Медиумите најавуваат дека Гетафе  планира да го задржи Гринвуд но, тешко ќе може да ја издржи трката со далеку помоќните финансиски клубови. Во исто време, различни извори тврдат дека очекуваното ново раководство предводено од Џим Рaтклиф може да ја преиспита ситуацијата и да го врати играчот на „Олд Трафорд“.

Read More

Фудбалерите на Челзи, Чалоба, Маатсен и Мадуке, ќе бидат ставени на јануарската трансфер листа. „Сините“ сакаат да обезбедат доволно средства за купување на ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен или на напаѓачот на Брентфорд, Иван Тони. Лондончани поради финансискиот фер-плеј,  не може да си дозволат скапи трансфери без да се разделат со дел од сегашните фудбалери. За Чалоба е заинтересиран Кристал Палас. Маатсен го бара Борусија Дортмунд а Мадуке веројатно ќе биде испратен на позајмица.

Read More

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) ги прогласи Новак Ѓоковиќ (Србија) и Арина Сабаленка (Белорусија) за „светски шампиони“ за 2023 година. Ѓоковиќ ја доби машката награда по рекорден осми пат откако освои три од четирите Грен слем турнири, соопшти ИТФ. 36-годишниот Србин има 24 титули од Грен слем турнирите со што го изедначи рекордот на Маргарет Корт. Сабаленка годинава го прослави првиот Грен слем трофеј на Австралија Опен а потоа стигна до финалето на УС Опен и до полуфиналето на Вимблдон и Ролан Гарос. Раџив Рам (САД) и Џо Солсбери ( Британија) ја освоија наградата за машки двојки по нивниот трет последователен…

Read More

Кошаркарите на Денвер го победија Бруклин со 124:101 и ја постигнаа третата последователна победа во НБА лигата. Актуелниот шампион го предводеше српскиот центар Никола Јокиќ со 26 поени, 15 скока и 10 асистенции, што беше негов 10-ти трипл-дабл сезонава и 115-ти во кариерата. Тој стана првиот НБА играч со најмалку 10 трипл-дабл настапи во седум последователни сезони. Кошаркарите на Сакраменто ја победија Оклахома со 128:123 предводени од Дирон Фокс кој постигна 41 поен, додека Бостон славеше над Кливленд со 116:107 и ја постигнаа шестата победа во последните седум натпревари. Селтикси ги предводеа Џејсон Тејтум со 27 поени, Џејлен Браун со…

Read More

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике испратил свој личен асистент да ги „чешла“ париските ноќни клубови за да дознае дали неговите играчи присуствуваат на тајни забави. Тој исто така бил одговорен за проверка на страниците на социјалните мрежи на играчите за да се осигура дека луѓето блиски до играчите немаат лошо влијание врз нив. Покрај тоа, Енрике вовел и задолжителен систем за регистрација во тренинг базата на тимот. Забележано е дека дисциплината под водство на Енрике била еден од неговите главни принципи како тренер.

Read More

Барселона започна преговори за ангажирање на 17-годишниот играч од средниот ред на аргентинска Ривер Плата, Клаудио Ечевери. Според информациите, каталонскиот клуб е подготвен да плати поголема сума од наведената во клаузулата за раскинување на договорот, околу 25 милиони евра, но на рати. Ечевери е дете на Ривер Плата и напредуваше од академијата до првиот тим. Договорот на играчот со клубот е до декември 2024 година.

Read More

Ако минатата сезона, Роберт Левандовски, беше главен напаѓач на Барса, сега е бледа сенка на самиот себе. Кон крајот на оваа година полскиот голгетер влегува со само девет гола, од кои едвај три има постигнато во последните три месеци. Лани во истиот период постигна двојно повеќе голови а до минатата зима беше и најдобар стрелец во Ла Лига со 13 гола. Левандовски е рекордер и по бројот на пропуштени шанси во шпанското првенство, досега 16. Да реализираше барем половина од нив, Барса ќе беше лидер во Ла Лига.

Read More

Италијанскиот Лацио ќе треба да плати околу 60.000 евра поради навредливиот транспарент на натпреварот со Селтик во Лигата на шампионите. Европската куќа на фудбалот го казни италијанскиот состав со 25.000 евра и нареди за наредниот меч да има делумно затворање на секторите 48 и 49 северната трибина на Олимпико на која се најекстремните ултраси на Лацијалите. „Римските орли“ се казнети со 16.750 евра за користење пиротехнички средства и 18.125 евра за фрлање разни предмети на теренот.

Read More

Дисциплинската комисија на УЕФА го казни полскиот состав Легија (Варшава) со 100.000 евра поради инцидентите што ги предизвикаа навивачите пред натпреварот со Астон Вила во Бирмингем. На 30 ноември, фановите на варшавскиот клуб се судрија со англиската полиција пред стадионот – Вила Парк. Тие фрлаа разни предмети кон органите на редот и направија голема материјална штета. УЕФА, воедно одлучи, полскиот состав на наредните пет гостувања да ја нема поддршката на навивачите.

Read More