Author: dino

Голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2023 година. Најдобриот стрелец во претходната сезона во Серија „А“,  доби најмногу гласови и ги остави зад него, Мароканецот, Ашраф Хакими (ПСЖ) и третопласираниот Мохамед Салах од Египет кој настапува за Ливерпул. Осимен е првиот Нигериец кој успеа да ја освои наградата за најдобар фудбалер на Африканскиот континент по Нванква Кану во 1999 година.

Read More

Фудбалските натпревари во сите турски лиги се прекинати на неодредено време откако судијата, Халил Умут Мелер, беше нападната по натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризеспор во рамките на 15. коло од елитната конкуренција. Во инцидентот беа вклучени неколку лица меѓу кои и претседателот на домашниот клуб. Во соопштението на Фудбалската федерација на Турција се наведува дека против сторителите и поттикнувачите на нападот се покренати кривични пријави. Tурскиот претседател Ердоган излезе со став дека спортот и насилството не одат заедно и дека неговата земја нема да толерира вакви настани.

Read More

42-годишниот, Златан Ибрахимовиќ, кој на крајот на сезоната дефинитивно ќе се повлече од фудбалските терени, може да се активира во тренерскиот дел на неговиот сегашен состав Милан. Тој би работел заедно со Игнацио Абате доколку актуелниот тренер Стефано Пиоли, си замине од Милано, објави денеска – „Football Italia“. Швеѓанецот има импресивна кариера настапувајќи за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, Лос Анџелес Галакси и Милан.  Ибра има 819 натпревари со ефект од 493 гола и 201 асистенција.

Read More

Екипата на Челзи вчера загуби на теренот на Евертон со 2-0 во меч од 16-та рунда во Премиер лигата а менаџерот на „сините“, Маурисио Покетино, вели дека резултатот не е реален на прикажаното. „Не бевме прецизни пред противничкиот гол. Многу сум тажен. Не го добивме заслужениот бод“ – вели Аргентинецот. „Мислам дека Челзи беше подобар тим. Сега мора да се насочиме кон нови фудбалери“ – вели Покетино.

Read More

Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа славеа во дербито против Њукасл со 4:1 во меч од 16 коло во англиската Премиер лига. Менаџерот на „спарси“, Анже Постекоглу, вели дека победата била императив за да се прекине слабата серија во претходните неколку кола. Неговиот тим сега заостанува четири бодови зад четвртиот на табелата – Манчестер Сити. „Мислам дека имавме одличен фудбал од сите аспекти и момците беа наградени за тоа. Се надевам дека сега започна светла серија“ – рече Постекоглу.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Џирона – Мичел, ја прокоментира победата со 4:2 на теренот на Барселона во 16. коло на шпанската Ла Лига. Успехот го врати тимот од Каталонија на првото место на табелата. „Во првото полувреме примивме израмнувачки гол поради нивната доминација но, по паузата имавме добар посед. Темпото на игра беше многу високо“ – вели Мичел. „ Многу сум среќен што го одиграв мојот 100-ти натпревар во Ла Лига со победа против Барселона. Првата цел беше да се спасиме од испаѓање. Сега сакаме да играме во Европа “ – изјави Мичел.

Read More

Фудбалерите на Астон Вила доцна синоќа го совладаа Арсенал со минимални 1-0 во 16 коло во Премиер лигата со што дојдоа до 15-та последователна победа на нивниот стадион – „Вила Парк“. Менаџерот на тимот од Бирмингем, Унаји Емери, вели дека има пријатно чувство и дека фудбалерите максимално ја користат поддршката  од навивачите. „Добро се боревме  посебно во одбраната. Против Сити и Арсенал успеавме да ја зачуваме мрежата што е неверојатно“ – изјави Емери.

Read More
NBA

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го освоија првиот трофеј во НБА купот откако во големото финале што се одржа во Лас Вегас ја совладаа Индијана со 123:109. Леброн Џејмс кој го освои трофејот за најкорисен играч на турнирот забележа 24 поени додека Остин Ривс имаше 28 кошеви. Тајрис Халибартон забележа 20 поени и 11 асистенции во поразениот тим. Кошаркарите на Лејкерс заработија по 500.000 долари додека играчите на Индијана по 200.000.

Read More

Фудбалерот, Виктор Осимен, нема намера да ја продолжи соработката со екипата на Наполи иако двете страни водат интензивни преговори, велат последните информации од Италија. Иако Претседателот на калчо-лигашот, Аурелио де Лаурентис, сака напаѓачот да потпише нов договор до 2027 година, проценките велат дека Осимен нема намера да остане доколку не добие минимална годишна плата од 10 милиони евра. Во меѓу време се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани неколку големи клубови од Англија.

Read More

Фудбалската федерација најави дека од наредната сезона во Првата лига може ќе се користи технологијата за помош на судиите – ВАР. -Свесни сме за предизвиците кои ги носи овој процес, особено во наоѓањето на соодветна продукциска куќа за емитување на натпреварите, што беше и клучен проблем и покрај нашата решеност веќе оваа сезона да имаше достапна ВАР технологија “ – стои во објавата.-Нашата цел е да овозможиме оваа технологија што е можно побрзо да биде достапна, иако се соочуваме со комплексни логистички и технички барања за имплементација на истата и на кои интензивно работиме да ги надминеме“ – се вели…

Read More