Author: dino

Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, кој беше позитивен на тестостерон кој се наоѓа на листата на забранети супстанци, може да добие максимална казна од Италијанската анти-допинг агенција. Доколку судот го прифати барањето од aнти-допинг агенцијата и му одреди суспензија за четири години, тоа веројатно ќе значи и крај на кариерата за Французинот кој има 30 години. Играчот на „старата дама“ беше позитивен на допинг-тест по мечот со Удинезе кој се одигра на 20 септември.

Read More

Весникот – „Corriere dello Sport“, објави, дека дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг, нема да се врати на терените до крајот на февруари. Тој се повреди во почетокот на септември и се уште е во процес на заздравување иако се очекуваше по неколку недели да продолжи со тренинзите. Последниот негов меч беше во Серија А на 1 септември против Милан.   Централниот дефанзивец на „волчицата“ не сака да оди на операција и ќе се обиде само со рехабилитација да ја санира повредата.

Read More

Голманот на фудбалскиот состав Милан, Мајк Мењан, нема намера да остане на „Сан Сиро“ . Тоа пак, сака да го искористи менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг и да го ангажира на „Олд Трафорд“.  Иако „црвените ѓаволи“ неодамна го купија Андре Онана, Камерунецот не ги прикажува очекуваните партии и затоа се бара негова замена. Што се однесува до Мењан, францускиот чувар на мрежата не сака да го продолжи договорот со италијанскиот состав и затоа ќе бара нова средина.

Read More

Италијанскиот фудбалски состав Торино ќе се обиде да дојде до потписот на напаѓачот на Челзи, Армандо Броја доколку Немања Радониќ си замине во текот на зимскиот трансфер период, објави – „Тутоспорт“. 22-годишниот Албанец од почетокот на сезоната не може да се избори за стартно место на „Стемфорд Бриџ“ и затоа ќе добие  зелено светло да ја промени средината. Тој има еден гол и една асистенција на 7 мечеви во сите конкуренции.

Read More

Фудбалерите на Арсенал доцна синоќа славеа кај Лутон со 4:3 во меч од Премиер лигата а нивниот тренер, Микел Артета, вели дека е посебно задоволен од ангажираноста во финишот. „Честитки за Лутон за начинот на кој играа но, успеавме да победиме. Упорноста, карактерот и квалитетот што ги покажавме ни донесе успех“ – вели Артета. „Таа енергија, тој ризик и емоции што ги ставивме на теренот, можете да ги почувствувате. Не ми пречи што победата дојде во финишот“ – вели тренерот од Шпанија.

Read More

Фудбалерот на Арсенал, Еди Нкетија, ќе може да замине доколку пристигне понуда за него, пишуваат дел од медиумите. Напаѓачот има договор до 2027 година но, клубот сака да го продаде. 24-годишниот фудбалер во сезонава одигра 20 мечеви и постигна 5 голови. Тој беше купен од Челзи во 2015 година и досега има 151 настап, 37 гола и 8 асистенции за „топчиите“.

Read More
NBA

Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, по седми пат е прогласен за играч на месецот во Западната конференција на НБА лигата. Српскиот репрезентативец последната награда ја доби за ноември што претставува и рекорд во клупски рамки. Тој на 19 мечеви имаше просек од  29 поени, 13,2 скока и 9,2 асистенции. За МВП на Источната конференција е прогласен Џејсон Тејтум од Бостон  кој имаше просек од 27,7 поени, 8,8 скока и 4,1 асистенција.

Read More

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Хамес Родригез, кој сега игра за бразилски Сао Паоло, објасни зошто пред речиси една деценија одлучил да се пресели во шпанскиот клуб. „Пари Сен Жермен и Манчестер Сити ме сакаа но, јас сакав слава. Ништо не може да се спореди со Реал Мадрид. Тоа му го реков и на Перез“ – објасни Колумбиецот. Тој го облече дресот на „кралевите“ во 2014 година и одигра 125 натпревари, постигнувајќи 37 гола и 42 асистенции.  Родригез има играно за Евертон, Баерн (Минхен), Монако, Порто, Банфилд, Ал Рајан и Олимпијакос.

Read More

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, беше прогласен за најдобар фудбалер во Италија за 2023 година во изборот на Здружението на професионални фудбалери. Тој со 26 гола на 32 натпревари беше еден од најзаслужните за освоената титула .За најдобар тренер е избран поранешниот тренер на Наполи, Лучијано Спалети. Хвича Кварацелија ја доби наградата за најубав гол. Доминацијата на Наполи е присутна и во идеалниот тим на годината. Голман: Мајк Мањан (Милан). Одбрана: Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Ким Мин-Јае (Наполи), Алесандро Бастони (Интер), Тео Ернандез (Милан). Играчи од средниот ред: Станислав Лоботка (Наполи), Хакан Калханолу (Интер), Николо Барела (Интер). Напаѓачи: Хвича Кварацелија…

Read More

Федерика Брињоне испиша историја во зимскиот центар Тремблант во Канада откако победи во велеслаломот во Светскиот куп. 33-годишната Италијанка стана највозрасната победничка во историјата откако го собори рекордот на Австријката, Анита Вахтер, која во 1999 година победи на патеката во Линц со 32 години и 319 дена . Брињоне има 22 победи на Светското првенство со што се израмни со сонародничката Софија Гоџа.

Read More