Author: dino

Себастиен Ожие, ја коментираше одлуката на актуелниот шампион во „WRC“, Кале Рованпера, да не ја брани титулата во 2024 година и да вози ограничена програма за Тојота. Кале изјави дека ќе учествува на „полумитинг“ следната година но, не е јасно колку стартови ќе вклучува тоа. „За мене одлуката беше шок но, мотивациите на Кале, ме натераа уште повеќе да го почитувам. Тоа покажува зрелост бидејќи тој има храброст да донесе таква одлука“ – вели 8-кратниот светски шампион во рели.

Read More

Легендарниот фудбалер, Рој Кин, не е задоволен од ефектот на Манчестер Јунајтед иако тренерот на „црвените ѓаволи“, Ерик Тен Хаг по триумфот кај Евертон, изјави дека е задоволен од резултатот. „Манчестер Јунајтед  кога беше шести пред неколку години беше срамота но, очигледно сега тие се задоволни. Имаат долг пат за да се натпреваруваат со Сити, Ливерпул и Арсенал“ – рече Кин. „ Сега се наметнуваат и Тотенхем, Астон Вила и Њукасл“ – нагласи Кин.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, потенцира дека е задоволен од голманот, Кепа Аризабалага, кој одработува едногодишна позајмица од англискиот состав Челзи. Тој во сезонава за „кралевите“ има 12 натпревари во сите конкуренции на кои прими девет голови. Неговата цена според интернет порталот – Трансфермаркт е 18 милиони евра. Аризабалага има договор со Челзи до јуни во 2025 година.

Read More

Фабио Ди Џанантонио во наредната сезона во Мото Гран При шампионатот ќе биде член на Дукати. – Еј момци, ајде да се забавуваме, рече Џанантонио во краткото видео што „VR46 Ducati“ го објави на социјалните мрежи. Возачот утре ќе дебитира за новиот тим. Тоа ќе се случи на единствениот ден за тестирање по сезоната во Кралската класа за 2023 година. Тестот ќе се одржи на патеката во близина на Валенсија.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Барселона, Чави, по вчерашното реми кај Рајо Валјекано, вели дека треба да се поработи на менталитетот на играчите. „Во првото полувреме игравме добро, но, тоа не носеше некаков ефект. Второто полувреме не беше доволно добро, требаше да постигнеме повеќе голови“ – вели Чави. „Мора да го промениме менталитет ако сакаме да освојуваме трофеи. Мора да бидеме самокритични и да се подобруваме“ – потенцираше тренерот на Каталонците.

Read More

Тренерот на фудбалерите на Лацио, Маурицио Сари, по вчерашниот пораз на теренот на Салернитана, најави, дека размислува за заминување од Рим. Неговиот тим го има дури 10-то место на табелата со само 17 бодови што претставува најслаб почеток на сезоната во последниве 10 години. „ Во наредните денови ќе размислам за ситуацијата и ако најдам докази дека јас сум виновен за тоа што се случува, прв ќе разговарам со претседателот и ќе си поднесам оставка“ – изјави Сари пред мечот со Селтик во Лигата на шампионите.

Read More

Тренерот, Карло Анчелоти, се надева дека ќе добие продолжување на договорот со Реал Мадрид иако според одредени шпекулации треба да го преземе кормилото на бразилската фудбалска репрезентација. „Го чекам Реал Мадрид до последен ден“ – вели Италијанскиот тренер кој не крие дека сака да остане кај „кралевите“. Неговиот тим денеска го чека гостување кај Кадиз во рамките на тековното кoло во Примера Дивизион.

Read More

Најмалку 50 полицајци се повредени во Франкфурт за време на нередите што избувнаа пред синоќешниот фудбалски натпревар од 12. коло во Бундеслигата меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Штудгарт, објави весникот „Билд“. Во болница се примени четворица полицајци. Повредени се и стјуардите и навивачите меѓу кои има и деца. Нередите ги предизвикаа проблемите со контролата на билетите на влезот на стадионот. Гневните навивачи започнале да ги гаѓаат стјуардите и полицајците со шишиња, пиротехнички средства и железни прачки.

Read More

Десниот бек на Манчестер Јунајтед, Арон Ван Бисака, размислува да ја прифати понудата на Конго и да настапи на Африканскиот куп на нации. Бисака е роден во Англија но, има потекло од Конго. Тој ги помина младинските селекции на Англија но, не успеа да се наметне за сениорскиот состав. Бисака неколку пати изјави дека сака да игра за селекцијата на Конго.

Read More

Фудбалерите на Манчестер Сити и на Ливерпул ги чека дерби во Премиер-лигата. Мечот меѓу двата главни кандидати за титулата ќе биде одигран в сабота од 13.30 часот на стадионот – „Етихад“. „Тоа ќе биде меч на најдобрите два тима на светов. Дефинитивно мораме да гледаме на натпреварот како на финале и да се обидеме да го играме нашиот фудбал“ – потенцираше денеска дефанзивецот на Ливерпул, Костас Цимикас. „Граѓаните“ се во серија од 23 победи на домашен терен во сите натпреварувања.

Read More