Себастиен Ожие, ја коментираше одлуката на актуелниот шампион во „WRC“, Кале Рованпера, да не ја брани титулата во 2024 година и да вози ограничена програма за Тојота.
Кале изјави дека ќе учествува на „полумитинг“ следната година но, не е јасно колку стартови ќе вклучува тоа.
„За мене одлуката беше шок но, мотивациите на Кале, ме натераа уште повеќе да го почитувам. Тоа покажува зрелост бидејќи тој има храброст да донесе таква одлука“ – вели 8-кратниот светски шампион во рели.