Author: dino

Бенфика нема намера да започне преговори со Манчестер Јунајтед за трансфер на играчот од средниот ред, Жоао Невеш. Португалците најавија дека во зимскиот преоден рок нема да се впуштаат во дијалог со претставниците на англискиот клуб. Неговата трансферна сума е 20 милиони евра. Тој во сезонава одигра 16 натпревари во сите конкуренции на кои постигна еден гол и направи една асистенција. Договорот на играчот со португалскиот клуб е до крајот на јуни 2028 година.

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска организираше прием за нашиот автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, кој ја освои третата Европската титула во шампионатот за ридско-планински трки. Стефановски претходно ги освои пехарите во 2014-та и 2015-та година. „Со нас е тука европскиот шампион кој ги донесе пехарите дома. Благодарност што не правиш горди Македонци низ цела Европа и се надеваме дека така ќе продолжиш. Ние како Агенција сме тука со тебе и ќе останеме така и до крајот додека ги подигаш пехарите. Се надевам дека и наредната година ќе не радуваш“ – изјави Мојсовски. „Пред се благодарност…

Read More

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, пред денешниот меч со Италија испрати порака на социјалните мрежи, во која побара поддршка за фудбалерите. -Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е игра која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак. И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како што можеме ние. Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции“ – напиша Сејдини. -Успехот не се постигнува преку ноќ, се…

Read More

Офанзивниот играч за врска на Краснодар, Едуард Сперсијан е прва алтернатива на Јувентус доколку во зимскиот преоден рок не успее да го купи крилото на Сасуоло, Доменико Берарди тврди – „Sky Sport“. Торинскиот клуб за ерменскиот интернационалец ќе треба да плати 15 милиони евра. 23-годишниот фудбалер има договор со Краснодар до летото во 2026 година. Сперсијан во сезонава забележа 18 настапи во сите конкуренции, постигна 7 голови и има 3 асистенции.

Read More

Фудбалерот на Њукасл, Бруно Гимараеш, може да добие понуда да се пресели во Барселона, наведуваат дел од медиумите во Англија. Каталонците процениле дека 24 годишниот играч може да биде наследник на ветеранот Серхио Бускетс. Бразилецот пристигна во Англија пред една година за 45 милиони евра и веднаш се наметна со неговите игри во Премиер лигата. Барса е подготвена за потписот на Бруно да понуди пари и еден фудбалер.

Read More

Возачот на Ферари во Ф1, Карлос Саинц, нема да се појави на вториот тренинг на патеката во Лас Вегас откако на првата сесија имаше сериозен инцидент и практично го уништи неговиот болид. По враќањето на возилото во гаражата на Скудерија, механичарите ја процениле штетата а шефот на тимот, Фредерик Васер бил бесен за инцидентот. „Имаме големи оштетување на моторот и акумулаторот. Ова е неприфатливо. Ќе не чини цело богатство. Целата сесија на Карлос беше уништена“ – вели Васер.

Read More

Марк Маркез кој ќе го напушти тимот на Хонда во Мото ГП шампионатот и ќе се пресели во Дукати, се обиде да прокоментира околу шпекулациите за негов наследник во името на Лука Марини. „Природно решение ќе биде Хонда да земе пилот на една година бидејќи во 2025 година ќе има голема промена на пилот-пазарот“ – објасни Маркез. „ Во 2025 година на пазарот доаѓаат Банаја, Мартин, Акоста, Маркез. Изгледа дека Марини ќе потпише за две години“ – вели Маркез

Read More

Искусниот фудбалер од средниот ред, Илкај Гундоган, проговори за иднината на младиот играч на Реал Мадрид, Арда Ѓунер, кој поради континуирани повреди не може да дебитира во шпанскиот великан. „Ѓулер е многу талентиран фудбалер. Tој имаше физички проблеми и поради повреди не можеше да ја започне сезоната“ –вели Гундоган. „Ако има турски фудбалер кој е сличен на Месут Озил, тогаш се вика Арда Ѓулер. Пред него е светла иднина“ – потенцираше Гундоган кој потекнува од Турција а има германско државјанство.

Read More

Фудбалерот на Наполи и на нашата репрезентација, Елиф Елмас, вели дека Италија ќе има голема поддршка од фановите на утрешната пресметка со Македонија во Рим во рамките на квалификациите за ЕП. „Мечот е многу значаен за Италија но, ние треба да се насочиме кон нашата игра. Дојдовме тука за да освоиме три бода. За нас е задоволство да играме против Италија. Не знам дали не потценуваат но, дојдовме тука да извлечеме добар резултат“ – потенцира Елмас. „Знаеме како играат тимовите на Спалети, верувам дека ќе биде исто како во Наполи. Тие ќе се обидат да бидат агресивни“ – вели македонскиот…

Read More

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, кој со прекрасен погодок беше креатор на ремито со Италија во Скопје, вели дека утрешниот меч со „аѕурите“ во Рим, претставува голем мотив за сите репрезентативци. „Натпреварот во Македонија против Италијанците остана во историјата. Утре ни следи нов натпревар, веројатно нови фудбалери и нов систем. Не треба да потенцирам дека сме мотивирани. Имаме нови, млади фудбалери и тоа е шанса да бидеме подобри а за тоа ни требаат вакви натпревари“ – вели Барди. „Сите индивидуално се подготвуваме, имаме одличен квалитет и не верувам дека Италија ќе нè потцени. Верувам дека повторно ќе ја направиме горда…

Read More