Јувентус потпиша нов договор со фудбалерот, Николо Фаџоли, кој беше суспендиран поради обложување. Истиот е до летото во 2028 година. Играчот од средниот ред дојде во клубот во 2015-та кога имаше 14 години. 22-годишниот Италијанец во моментов е суспендиран поради обложување на фудбалски мечеви. Фаџоли во сезонава одигра 6 натпревари во Серија А и направи една асистенција.
Author: dino
Валтер Мацари е нов тренер на Наполи. Тој доаѓа на местото на Руди Гарсија кој заработи отказ по серијата на лоши резултати. Клучен фактор за отказот на Шпанецот беа последните два натпревари на Наполи во кои тимот ремизираше 1:1 во Лигата на шампионите со Унион Берлин а претрпе пораз во Серија А од Емполи (0:1). Мацари ги водеше наполитанците од 2009 до 2013 година кога го освои Купот на Италија.
Дефанзивецот на Ливерпул,Трент Александер-Арнолд со восхит зборуваше за фудбалерот на Манчестер Сити, Џон Стоунс. „Мислам дека тој е пример како еден играч да може да се трансформира на повеќе позиции. Тој е исклучителен и долго време се восхитувам на неговата игра. Гледам многу видеа од неговите постапки, па дури и кога ги гледам натпреварите на Манчестер Сити, седам и се фокусирам на него“, изјави Александер-Арнолд за „Daily Mail“. Дефанзивецот на „граѓаните“ во минатата сезона ја освои тројната круна со Манчестер Сити.
Супер-компјутерот на познатата статистичка платформа – „Opta“ ги предвиде шансите на клубовите од англиската Премиерлига да ја освојат шампионската титула во сезоната 2023/2024. На прво место е Манчестер Сити – 87,1%;, пред Ливерпул – 7,2%;, Арсенал — 5,3%; Тотенхем – 0,2%; и Астон Вила – 0,1%. „Граѓаните“ се лидери по 12 одиграни натпревари со 28 бодови. Ливерпул и Арсенал имаат по 27 бодови, Тотенхем со 26 бодови а Астон Вила 25 бодови. Во зоната за испаѓање се Барнли на последното, 20. место со четири бода, Шефилд Јунајтед со пет бода на 19. позиција и Лутон Таун со шест бода на…
Македонската фудбалска репрезентација ги започнува подготовките за натпреварите против Италија (17. ноември) во Рим и Англија (20. ноември) на Арената – „Тодор Проески“ од квалификаците за ЕП 2024. Очекувањата за последните два меча ги истакнаа Јани Атанасов и Дарко Чурлинов. „Среќен сум што се враќаме во националниот тим, не радува тоа што сите сме здрави и подготвени. Се надеваме на успех, треба да бидеме компактни и се разбира да ги исполниме задачите на селекторот“ –вели Атанасов. „Иако немаме шанса за пласман на Европско првенство, ќе дадеме се од себе, така е кога играме за Македонија. Знаеме какви светски сили се…
Денеска започна продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Англија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од квалификациите за ЕП 2024. Цената на влезница изнесува 400 и 600 денари. Продажбата е исклучиво преку продажната мрежа на „MKTickets“ со физичко присуство на купувачите. Задолжителна е влезница и за деца без оглед на нивната возраст. Северна трибинаБлок 13 и 19 400 денариБлок 14, 18, 20 и 24 600 денариJужна трибинаБлок 1 и 6 …
По вчерашната трка за Големата награда на Малезија, официјално се предупредени пет лица поради притисокот во нивните гуми. Меѓу нив е светскиот шампион и лидер во генералниот пласман Франческо Банаја. Опомена по стартот на „Сепанг“ добија и победникот Енеа Бастианини, Лука Марини, Икер Лекона и Алваро Баутиста. Вкупниот број на предупредени возачи пред последните две кола од сезоната во Катар и Валенсија е 13. Меѓу нив се Маверик Вињалес, Дани Педроса, Франко Морбидели, Раул Фернандез, Марко Беџеки, Пол Еспаргаро, Хорхе Мартин и Марк Маркез исто така имаат предупредувања.
Тренерот на Брајтон, Роберто Де Зерби изрази незадоволство од работата на судиите во Англија. „Ќе кажам искрено и јасно: не ми се допаѓаат 80 проценти од англиските судии. Тоа не е ново. Не ги сакам нив. Не ми се допаѓа нивното однесување на теренот“ –вели Де Зерби. „Англија е единствената земја која има ВАР но, не можете да бидете сигурни дека [судиите] ја донеле вистинската одлука. Во другите земји можете да бидете 100 проценти сигурни. Во Англија – не. Не можам да го разберам тоа“ – изјави тренерот на Брајтон.
Легендарниот , Џејми Карагер, вели дека Маурисио Покетино е клучна фигура во напредокот на Челзи. „Сините“ вчера одиграа меч за паметење против Манчестер Сити кој заврши 4-4. „Најдоброто нешто за сегашниот Челзи е Покетино. Не играчите, не управата, туку тренерот. Тој е најважниот човек кога станува збор за враќање на Челзи во борба за трофеи“ – вели Карагер.„Играчите сега ќе имаат доверба во тренерот дека може да ги постави на вистински начин и на секој голем натпревар да му создава проблеми на противникот“ – вели Карагер.
Нашата најдобра фудбалска репрезентација денеска ги стартува подготовките за последните квалификациски мечеви за пласман на Европското првенство. На 17 ноември ќе гостуваме кај Италија во Рим додека на 20-ти ќе и бидеме домаќини на Англија. Нашиот голман Столе Димитриевски кој меѓу првите пристигна на собирот во Скопје, вели дека очекува позитивни резултати. „Имаме два тешки меча. Ние ќе го дадеме максимумот како и секогаш. Мислам дека во тие два меча можеме само да уживаме и да измериме до каде се нашите сили. Италија е одличен противник. Знаеме дека во последно време со неа имаме добри резултати, се надевам дека така…
