Author: dino

Селекторот на Германија, Јоаким Лев,  видно разочаран по поразот од Македонија призна дека нашата репрезентација имала одлична тактика. „Немавме добар ден. Македонија одигра добар натпревар и имаше одлична контра. Не знам што се слчучуваше со нашиот напад“ – вели Лев. Во 4 коло Германија ќе игра кај Лихтенштајн додека ние ќе го имаме дербито со лидерот Ерменија.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација по вчерашната голема победа на теренот на Германија се проби на второто место во групата „Ј “ веднаш зад лидерот Ерменија која има максимален фект. Ние и „пацирите“ сега имаме по 6 бодови, Романија и Исланд по 3 а Лихтенштајн е последен без бод.  Последниот дел од квалификациите за  Мундијалот ќе биде од сепетември до ноември годинава. По нив првопласираните репрезентации од групите  ќе играат на Светското првенство а второпласираните ќе играат бараж-двомеч. Еве го и распоредот за избраниците на популарниот Мрме. 2 септември: Македонија – Ерменија 5 септември: Исланд – Македонија 8 септември: Македонија – Романија 8 октомври: Лихтенштајн – Македонија…

Read More

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, кој е во излоација поради Ковид-19 се израдува на блескавата победа на Македонија против Германија. Првиот човек на Фудбалската федерација, преку социјалните мрежи им честиташе на репрезентативците. „Најдобрата генерација во историјата на Македонскиот фудбал!!! Секоја чест момци!!!Напред Македонија!!!“.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација ја направи најголемата сензација во својата фудбалска историја со победата над Германија во Дуизбург со 2:1.Нашите репрезентативци одигра одличен натпревар и со головите на Пандев и Еламс ја шокираа Германија на нивен терен. По мечот своето задоволство не го криеше ниту селекторот Игор Ангеловски, „Моите фудбалери се изборија за овој историски успех. Победивме четирикратен светски и трикратен европски шампион кој имаше 20-годишна традиција без пораз. Кој, ако не ние, односно нашите фудбалери не ја срушат таа традиција. Тие се нашите спортски херои, тоа се истите кои ја кренаа на нозе нацијата по пласманот на Европското првенство. Радувај…

Read More

Видеолотарија Касинос Австрија го прошири своето семејство. Ново заштитно лице е Едина Муса. Задоволството е големо што една од најдобрите кошаркарки кои играле во Македонија ќе застане зад брендот на Видеолотарија Касинос Австрија и ќе биде симбол на вредностите и принципите кои ги промовираме-стои во соопштението.  „Се радувам што Видеолотарија Касинос Австрија ме одбра да бидам ново заштитно лице, чест ми е да сум дел од една успешна приказна и сериозна компанија. И јас се идентификувам со тоа, бидејќи сè што правам во животот го правам со максимална сериозност и професионалност и стопроцентна посветеност, било да станува збор за кошарката,…

Read More

Фудбалерот на Баерн (Минхен), Корентин Толисо, најверојатно ќе биде продаден по завршувањето на сезоната. Јувентус се појавува како главен фаворит за привлекување на францускиот интренационалец. Според –„ Калчо Меркато“, двете страни преговараат за можен трансфер. Куриозитет е дека во 2017 година Толисо имаше понуда од Јувентус, но, избра да се пресели во Германија. Во тоа време за него беа платени рекордни 41,5 милиони евра кога станува збор за Бундес-лигата. Толисо во сезонава настапи за Баерн на 22 меча и постигна 3 гола.

Read More

Аргентинскиот фудбалски голгетер во редовите на Манчестер Сити, Серхио Агуеро, на крајот на сезоната ќе си замине од –„Етихад“, потврдуваат денеска дел од медиумите. Според нив, францускиот ПСЖ на инсистирање на тренерот, Маурицио Почетино, ќе направи голем напор да го обезбеди потписот 32-годишниот голгетер кој е најдобар стрелец во историјата на „граѓаните“. Тој на 384 средби успеа да забележи 257 голови. Според најавите, за Агуеро се заинтересирани и Манчестер Јунајтед, Барселона, Челзи и Интер.

Read More

Фудбалските репрезентативци на Полска, Грегор Кришовјак и Камил Пјатковски, имаат позитивни тестови на Ковид-19 и нема да се појават на денешната пресметка со Англија во 3 коло од квалификациите за место на Мундијалот во Катар. Веста за заразените фудбалери е потврдена и од страна на Полската репрезентација која треба да добие допонителни инструкции од УЕФА. Полјаците за денешниот дуел ќе бидат и без првата ѕвезда, Роберт Левандовски а ќе ги немаат и Матеуз Клик и Лукас Скорупски.

Read More

Фудбалерот на Барселона, Кутињо, ќе се врати во неговата татковина и ќе продолжи да ја лекува повредата на коленото што ја доби на 29 декември на мечот со Еибар во шпанскиот шампионат. Бразилецот кој годинава имаше операција на коленото на 2 јануари требаше да се врати на теренот кон средината на март, но, ситуацијата се искомпликувала. Некогашниот  репрезентативец на „кароките“ неодамна беше на дополнителни прегледи во Катар по што доби дозвола од лекарскиот тим на Каталонците да продолжи со процесот на рехабилитација.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација денеска од 20.45 часот ќе излезе на мегдан со Германија во рамките на 3 коло од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Пред мечот во Дуизбург, германските медиуми ги најавија и составите на двете селекции. Во првите две кола Македонија загубија кај Романија а го победи Лихтенштајн додека „панцирите“ забележаа два триумфа против Исланд и Романија.

Read More