Author: dino

Фудбалерите на Шкендија ја завршија сезоната во домашни рамки со двојна круна откако денеска во финалето на Купот славеа против Пелистер со сигурни 3 спрема 0. На стадионот „Младост“ во Струмица под исклучително тешки услови по обилниот дожд, тетовци ги искористија шансите и само го потврдија квалитетот. Головите беа дело на Муслиу во 20 и 72 минута и на Ибраими во 52 минута. Шкендија по втор пат го освои Куп пехарот со што се изедначи со пелистерци кои не успеаа да го одбранат од минатата сезона.

Read More

Челните луѓе на фудбалскиот состав на Милан планираат сериозна офанзива за потписот на Алваро Мората. „Росонерите“ ќе се обидат да го засилат нападот откако Никола Калиниќ имаше разочарувачка сезона. Потенцијални заменици за Хрватот се напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, капитенот на Торино, Андреа Белоти и фудбалерот на Челзи, Алваро Морати. Спортскиот директор на Милан, Масимилиано Мирабели, се сретнал со Бепе Боцо, агентот задолжен за трансфери на Мората. Шпанскиот репрезентативец му се приклучи на тимот на Челзи во изминатото лето, но, не е задоволен со статусот на резерва кај лондончани.

Read More

Во пресрет на утрешното финале од Купот на Македонија меѓу Пелистер и Шкендија попладнево на стадионот „Младост“ во Струмица прес – конференција одржаа тренерите на двата тима, Неџат Хусеин и Ќатип Османи како и капитенот на тетовци Ферхан Хасани и фудбалерот на Пелистер, Благојче Марковски. „Шкендија влегува како голем фаворит. На убедлив начин го освои првенството и покажа дека ја има најдобрата екипа во Македонија во последните неколку години. Ние сме во финале и ќе се обидеме да се спротивставиме најдобро што можеме„ изјави тренерот на Пелисер, Неџат Хусеин. „Не очекува финале, не треба да не залажуваат победите во првенството.…

Read More

Баражот за пополнување на првата фудбалска лига за наредната сезона меѓу досегашните второлигаши Борец и Гостивар, ќе биде реализиран на наутрален терен на 30 мај на тренинг центарот – „Петар Милошевски“ во Скопје . Доколку во регуларниот дел нема победник, веднаш ќе се изведуваат пенали. Екипата што ќе триумфира во последниот филтер ќе излезе на мегдан со прилепска Победа која во штотуку завршениот прволигашки шампионат го освои осмото место. Тој натпревар ќе биде одигран на неутрален терен на стадионот „Младост“ во Струмица.

Read More

Селекторот на фудбалската репрезентација на Белгија, Роберто Мартинез, го соопшти поширокиот список од 28 играчи кои ќе бидат дел од подготовките за Светското првенство во Русија. На истиот го нема членот на Рома, Раџа Наиголан, кој имаше блескава сезона во сите конкуренции и беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот состав. Бидејќи Мартинез и Наинголан од поодамна не се во добри односи, не изненадува одлуката на селекторот на „ѓаволите“ да го изостави фудбалерот од големиот спортски настан. Еве го списокот на повиканите фудбалери: Голмани: Коен Кастлес (Волфсбург), Тибо Куртоа (Челзи), Симон Мињоле (Ливерпул), Матс Селс (Њукасл). Одбрана: Тоби Алдервилд (Тотенхем), Дедрик Бојата…

Read More

Фудбалерите на Лацио вчера во драматичен меч загубија дома од Интер со 3-2 и не успеаа да обезбедат место во Лигата на шампионите. Нивниот тренер, Симоне Инзаги, потенцира дека е крајно разочаран бидејќи „лацијалите“ на 15 минути до крајот имаа предност од 2-1 и беа пред остварување на целта. „Моравме претходно да го обезбедиме нашето место во Лигата на шампионите. Очигледно, нашата судбина била таква и сега ќе жалиме за пропуштената шанса“ – вели Инзаги кој се осврна и на пеналот што го направи Стефан де Вриј. „Ништо немаше да се промени ако некој друг го направеше фаулот. Би го…

Read More

Репрезентативецот на Франција, Пол Погба, кој се подготвува со „триколорите“ за настап на фудбалскиот Мундијал во Русија, истакна, дека не знае каде ќе игра во наредната сезона, но дека е сигурен дека тоа нема да биде ПСЖ. „Јас сум роден тука (Париз), но, моите навиваат за Олимпик Марсеј а не за ПСЖ. Имам договор со Манчестер Јунајтед“ потенцираше играчот на  „црвените ѓаволи“. „Мурињо ме остави на клупата, но, ми ја даваше и капитенската лента и ме храбреше. Јас сум професионалец и ги прифаќам сите одлуки. Реално, немам ниту желба за заминување“ – вели Погба со напомена дека сега се насочува…

Read More

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Барселона, Лео Меси, вели дека евентуалниот ангажман на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе влијае максимално позитивно во екипата на Каталонците. „Гризман ми се допаѓа, моментално е еден од најдобрите. Ние сме секогаш воодушевени кога кај нас доаѓаат одлични фудбалери“ – изјави Аргентинецот во последното интервју откако неговиот тим ја освои титулата во Шпанија. Во истовреме првиот човек на Баселона, Бартоме, изјави дека преговорите со менаџерот на играчот започнале уште во Ноември и дека набрзо треба да финишираат.

Read More

Тренерот на кошаркарите на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, по вчерашниот пораз од Реал Мадрид во финалето на Евролигата, изјави дека не е разочаран и дека играчите заслужуваат честитки. „Напорно работевме и дојдовме на завршниот фајнал-фор. Поразот ќе ни послужи да извлечеме поука. Се боревме до самиот крај, но, не успеавме да се вратиме во мечот“ – изјави Обрадовиќ. „Кралевите“ со вчерашната победа во арената во Белград против турскиот состав, успеаа по 10-ти пат да ја освојат Евролигата.

Read More

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, ги советува челниците на англискиот тим да купат искусни играчи во текот на летото. Според интернационалецот од Србија, неговиот тим мора да обезбеди квалитетни фудбалери за да биде конкурентен за титулата како во Премиер конкуренцијата така и во Лигата на шампионите. „Ако успееме да обезбедиме квалитетни засилувања ќе можеме да се бориме за освојување на пехари“ – потенцираше играчот на „црвените ѓаволи“ кој во 2017 година беше купен од Челзи за 40 милиони евра. „Манчестер Сити во сезонава се покажа многу посилен од нас, но, најзначајно е што успеавме да влеземе во Лигата на…

Read More